In Bulgarian In Serbian
Функционалните можности, високиот квалитет на производството и големата продуктивност на повеќефункционален дребонг - центар од серијата „Swiss type“ на Nomura DS демонстрира фирма Лазатек ДООЕЛ за време на своето овогодинешно учество на меѓународниот технички саем MachTech & InnoTech 2018 (Бугарија). Компанијата претстави уште уред за додавање на шипки на Top Automazioni, компактен дребонг - центар TD-1500Y на Tongtai и опрема за CNC алатни машини, вклучително филтри за маслeна магла Filtermist, полжавно- модални глодалки Century, футери и стезни глави Samchully и др.
„Новата разработка на дребонзи од „швајцарски тип“ на Nomuda DS се погодни за обработка на сложени делови со дијаметар до 22 mm и должина од 200 mm. Тие се опремени со две вретена, две B - оски и управувачки систем Mitsubishi M720. Максималниот број на алатките е 30“, објаснија специјалисти од компанијата пред тимот на BalkanEngineer.com.
Уредот за додавање на шипки на водечкиот производител Top Automazioni кој заземаше главно место на штандот на фирмата Лазатек беше од серијата X-FILES S. „Уредот претставува опрема за дребонзи и има капацитет на обработка на шипки со дијаметар од 10 до 100 mm и максимална должина до 6 м. Специфично за него е дека неговото штелувањето за работа со различни дијаметри се врши автоматски од дисплејот PLC со екран на допир (патент на Top Automazioni). Благодарение на тоа, операторот може да префрли од еден дијаметар на друг само за една минута, воведувајќи ја саканата големина од тастатурата“, рекоа од компанијата.
Друг производ што Лазатек го презентираше за време на своето учество во форумот беше повеќефункционалниот дребонг - центар модел TD-1500Y на Tongtai. „Овој модел на дребонг - центри се наменети за обработка на детали со дијаметар до Ø220 mm и должина до 250 mm. Машините имаат функција на глодање и Y оска, како и револвер – глава со 16 положби со функција на глодање во секоја положба. Меѓу карактеристиките на TD-1500Y се брзи потези по сите оски, главен мотор со моќност од 15 kW, 8“ футер и вретено со 4.800 rpm вртежи“, објаснија уште од друштвото.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: 003592/936 72 61
E-mail: info@lazatec.com
Извор на фото материјал: Инженер.bg