In Bulgarian. In Romanian. In Serbian.
Морска вода, силно корозивни течности и тешки индустриски услови - од Адара Инженеринг ДООЕЛ имаат решение за пумпи кои ќе им одолеат на овие работни средини. Од компанијата ги презентираат пумпите Argal направени од фиберглас, добиен со модерна и висококвалитетна технологија која не допушта и најмал компромис со квалитетите на материјалот. „За да ги изработат пумпите од серија Saturn, нашите партнери Argal од Италија го користат така наречениот RTM процес за производство на фиберглас, кој му дава извонредни физичко - хемиски карактеристики на материјалот“, изјавија за BalkanEngineer.com од Адара Инженеринг.
Повеќе од седум години италијанскиот производител на пумпи и опрема за пумпи Argal користи еден од најсилните и отпорни материјали, за да изработува сигурни и висококвалитетни пумпи, погодни за работа со агресивни флуиди и корозивни течности, каква е морската вода на пример. „Термо-активниот фиберглас (FRP) е добро познат во индустријата за пумпи, а и во производството на цевки и фитинзи, при што неговото присуство е гарант за цврстина, добри физичко-хемиски својства и мала тежина на производот", објаснија од фирмата.
FRP всушност претставува термо - реактивна пластика, зацврстена во одредена форма преку катализа. „Оваа неповратна реакција го модифицира полимерот преку создавање на тридимензионална структура, што од своја страна условува голем број на предности во споредба со други материјали, карактеристични за производство на опрема за пумпи“ , коментираа уште од Адара Инженеринг.
Еве и кои модели на пумпи од палетата Saturn се изработуваат од фиберглас:
- KGS. Оваа пумпа е специјално проектирана за работа со отпадни и загадени води, како и во најтешки индустриски намени. Целата конструкција е отпорна на температурен опсег од -35° C до 40° C;
- SaturnSub. Потопни пумпи изработени од термо-реактивни смоли од винил естери. Електричниот мотор е целосно од нерѓосувачки челик AISI 316 L или од други, уште поотпорни легури;
- Saturn ZMS и ZGS. Конструкцијата на овие пумпи може да се изработи со различни мешавини од епокси винил естер, што ги прави погодна за корозивни, умерено абразивни течности или води оптоварени со цврсти материи.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Софија, населба Младост 1, бул. "Андреј Сахаров", бл. 75А, стан 2
Телефон: 00 359 2/974 40 38; 00 359 2/974 49 38
E-mail: office@adara-bg.com
Адреса: Република Бугарска, град Варна, булевар "Владислав Варненчик" 312, кат 4, канцеларија 3
Телефон: 00359876 330 575
E-mail: milen@adara-bg.com
Канцеларија Стара Загора
Телефон: 00359876 963 880
E-mail: ivan.ivanov@adara-bg.com
Канцеларија Русе
Телефон: 00359876 482 500
Канцеларија Бургас
Телефон: 00359876 963 878
Канцеларија Пловдив
Адреса: Република Бугарска, град Варна, булевар "Дунав" 66
Телефон: 00359877 090 301
Извор на фото материјал: Адара Инженеринг, Argal, flickr.com