Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Автокомплекс инвестира во трофазна фотоволтаична централа, изградена од Филкаб Солар

22 october 2019

In Bulgarian

 

Фирма Филкаб Солар, дел од групацијата Филкаб, се рангира меѓу водечките снабдувачи на производи и комплексни услуги во областа на енергетиката. Меѓу референтните објекти на компанијата е и зградата на автомобилскиот комплекс во село Рогош, област Пловдив, Бугарија, каде Филкаб Солар проектира трофазна фотоволтаична централа. „Решението е изградено со фотоволтаични панели Winaico WST-260P6 и два инвертори SMA Sunny Tripower 15000TL-10, кои се карактеризираат со коефициент на корисно дејство до 98,4% и можност за генерирање на енергија дури и во отсуство на директна сончева светлина“, соопштија за BalkanEngineer.com од МаккаБ ДООЕЛ, македонската компанија на Филкаб.

 

 

Трофазната фотоволтаична централа, инсталирана за сопствена потрошувачка на автомобилскиот комплекс во селото Рогош, има врвна моќност од 29.9 kWp. Системот е изграден на покривот на зградата и е поврзан со мрежата на EVN Електродистрибуција Бугарија ЕАД. Панелите се поставени на носечка конструкција Schletter AluGrid, која е со оптимизирана конструкција за лесна и брза монтажа.

 

 

Технички карактеристики на фотоволтаичната централа:

 

 - Инсталирана моќност: 29.9 kWp;

 - Фотоволтаични панели: Winaico WST-260P6;

 - Инвертори: 2 парчиња SMA Sunny Tripower 15000TL-10;

 - Носечка конструкција: Schletter AluGrid.

 

 

При изборот на трофазен сончев инвертор, Филкаб Солар се одлучи за моделот Sunny Tripower 15000TL, кој може да се пофали со извонредно високи добиви на електрична енергија со коефициент на корисно дејство до 98,4%. „Решението исто така нуди исклучителна флексибилност при димензионирање на системот, како и компатибилност со многу фотоволтаични модули. Ова се должи на т.н. мултистринг функционалност и на широкиот опсег на влезниот напон на инверторите“, објаснија од МаккаБ.

 

Филкаб  централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: 032/277 171; 032/608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: 02/3233727; моб. 072/310300; 071/347133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: МаккаБ ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »