Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

АББ Бугарија ги пречека новите стажанти во својот тим со официјалниот старт на издание на програмата „Let your ABB story begin“

24 july 2023

In Bulgarian

 

Во усогласеност со својата општествена одговорност и најповеќе следејќи ја нејзината стратегија за развој на следната генерација технички специјалисти, секоја година еден од водечките работодавачи - АББ Бугарија, спроведува возбудлива пракса за студенти кои имаат амбиции да се развиваат во областа на високите технологии. Како дел од структурата на светскиот лидер АВВ, создавајќи решенија за дигитална трансформација на општеството и индустријата, во својата стажантска програма бугарската компанија интегрира интерактивни, иновативни и докажани методи, преку кои го збогатува практичното знаење на младите и ги подготвува за старт на нивниот пат во кариерата. Овогодинешното издание на програмата Let your ABB story begin“ беше отворено на 10 јули, а што можат да очекуваат новите стажанти на АББ Бугарија, раскажаа од компанијата.

 

 

На 10 јули 2023 година во производството на АББ Бугарија - филијала Раковски официјално беше даден старт на новото издание на годишната стажантска програма организирана од компанијата за студенти и неодамна дипломирани специјалисти под мотото „Let your ABB story begin“. „Ги пречекавме нашите стажанти кои ќе акумулираат знаења и вештини во различни оддели на нашата компанија. За да им посакаме добредојде на овој за нив возбудлив ден, се потрудивме да ги запознаеме со секој аспект од активностите на АББ“, коментираа од компанијата.

 

На отворањето присуствуваа дел од искусни професионалци од АББ Бугарија од различни оддели, кои влегоа во улога на предавачи и им открија на стажантите некои од најинтересните детали поврзани со производствените процеси, како и возбудливи моменти од сопственото искуство. Имено во нив младите ќе ги најдат и менторите кои ќе ги придружуваат во текот на нивната пракса, ќе одговараат на нивните прашања и ќе им го пренесат нивното знаење за да ги подготват за вистинската работна средина.

 

За многу од стажантите, највозбудлив дел од настанот беше нивната посета на производствената база на компанијата, која тие имаа можност да ја разгледаат одблиску.

 

 

Стажантската програма на технолошката компанија опфаќа различни аспекти, а оваа година студентите исто така ќе имаат можност да ги збогатат своите знаења во следните области:

 

-Електроника, мехатроника и електротехника;

-Обработка на метали;

-Автоматизација и индустриски менаџмент;

-Логистика и планирање;

-Контрола на квалитет;

-Финансии и администрација;

-Човечки ресурси;

-Здравје и безбедност.

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за АББ Бугарија и можностите за професионална реализација што ги нуди компанијата, не пропуштајте да ја разгледате нејзината микространица.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: +359 2 807 5500

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: АББ Бугарија 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »