Бугарската фармацевтска групација Софарма официјално објави дека започнала етапно купување на српскиот производител на витамини и додатоци во исхраната Pharmanova,, дозна BalkanEngieer.com од Economic.bg. Точната вредност на зделката не е објавена, но претстои да биде одобрена од српскиот антимонополски регулатор.
Според планот, „Софарма“ годинава ќе купи 25 отсто од српската компанија, а следната година уште 50 отсто. По две години се планира преземање и на преостанатите 25 отсто од српскиот производител.
Pharmanova ги дистрибуира своите производи во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Компанијата во изминатата година оствари нето приходи од продажба во износ од 10,2 милиони евра.
Софарма веќе има искуство на српскиот пазар, откако влезе во него во 2015 година, а две години подоцна се здоби со мнозински удел во најбрзо растечкиот фармацевтски дистрибутер во Србија - Lekovit d.o.o. Компанијата подоцна го заврши целосното преземање на српската компанија.
Минатиот месец, Софарма ги објави своите намери за ново проширување во Србија и овласти свои претставници да ги истражуваат можностите за раст на пазарот.
Извор на фотографии: Sopharma Group