In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Производителот на оптичка опрема Оптикс најави инвестиција од 20 милиони лева за нова база во Панаѓуриште, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Таа ќе помогне да се оптимизираат логистичките трошоци, да се подобри организацијата и производството и да се зголеми ефикасноста на компанијата за најмалку 20%.
Целото производство на Оптикс ќе биде префрлено во општа зграда со површина од 7.000 метри квадратни, што е во фаза на реновирање. „Нашиот нов инвестициски објект е директно поврзан со долгорочната стратегија на Оптикс за одржлив развој, а целите на компанијата се целокупното оптичко производство од различните технолошки зони да биде собрано на едно место и да биде удвоено во следните 5 години“ коментираат од друштвото. Компанијата се гордее со ниската потрошувачка на енергија за свооето производство, при што само 3% од трошоците одат за електрична енергија.
Во последниве години, компанијата од Панаѓуриште го зголеми својот промет за околу 13%. Само минатата година компанијата специјализирана за производство на оптички производи за воени и цивилни намени отвори центар за производство и развој во Пловдив, после инвестиција од 10 милиони лева. Тогаш од компанијата го објавија и отворањето на 100 нови работни места, меѓу кои за инженери во развојна дејност.
Извор на фотографии: canva.com