In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Албанија подготвува нацрт-закон за класификација на земјиштето погодно за агросоларни инсталации, дозна BalkanEngieer.com од Balkangrreennews.com. Со законот ќе се одредуваат класите на земјоделско земјиште на кои ќе биде дозволена изградба на соларни електрани без да се нарушуваат земјоделските активности.
Иако општо признати како еден од најчистите извори на енергија, фотоволтаиците создаваат некои етички и економски конфликти во однос на системите монтирани на земјата. Критичарите на овој пристап укажуваат на случаи кога се загрозуваат живеалиштата и се компромитира обработливото земјиште.
Поради оваа причина, комисија во Парламентот на Албанија подготвува нацрт закон за регулирање на прашањата околу концептот на агросоларни инсталации, кој подразбира истовремени земјоделски активности и производство на електрична енергија и станува сè попопуларен.
Албанија е земја со најмалку обработливо земјиште по глава на жител во Европа, со земјоделски површини класифицирани во класи од 1 (најплодните површини) до 10. Затоа парламентот расправа дали да им дозволи на инвеститорите на агроволтаици да користат земјоделско земјиште од класа 7.
Извор на фотографии: canva.com