Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

Албанија до крајот на 2024 година ќе инвестира 25 милиони евра во инфраструктура за наводнување и одводнување.

01 july 2024

In Romanian In Albanian In Bulgarian In Serbian In English

 

До крајот на април 2024 година, Министерството за земјоделство и развој на селски реони на Албанија инвестирало вкупно 557 милиони леки (приближно 5,7 милиони евра) во програмата „Инфраструктура за одводнување и наводнување“, дозна BalkanEningeer.com од Albaniadailynews.com. Целиот опсег на програмата до крајот на 2024 година предвидува буџет од 2,55 милијарди леки (околу 25 милиони евра), а целта е да се подобрат системите за одводнување и наводнување, кои се клучни за земјоделското производство.

 

 

Од финансискиот извештај се гледа дека трошоците во првите четири месеци од 2024 година се 26,77 отсто од вкупниот реален буџет на министерството, што демонстрира силен почеток во исполнувањето на инфраструктурните цели на Албанија за годинава.

 

Клучните инвестиции се насочени кон одржување и подобрување на инфраструктурата за наводнување и за поддршка на тековната сезона за наводнување, вклучително и одржување и функционирање на примарните канали за наводнување, како што се Печин - Каваџе, кои ги опслужуваат општините Печин, Рогожина и Каваи, а исто така и каналите Наун - Панџи. и Полис- Тудан во Елбасан и разгранувањата за наводнување поврзани со акумулацијата Тана во Лушне.

 

Во истиот период започна и голема работа за чистење на главните одводни канали и обезбедување на континуирана работа на 27 пумпи за вода, кои се мошне важни за одводнување на приближно 70.000 хектари во западните низини, област од животна важност за земјоделството во Албанија.

 

Буџетот за 2024 година опфаќа вкупно 78 проекти фокусирани на наводнувањето, одводната инфраструктура, заштитата од поплави и хидроенергијата. Од нив, 23 се во тек од 2023 година. Меѓу новите 55 проекти, 27 се општински, а останатите 23 се на ресорното министерство.

 

Извор фото-материјала: canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »