Технолошкиот гигант Google најави отворање на сопствен центар на Политехничкиот универзитет во Букурешт, Романија, во рамките на Факултетот за автоматизација и компјутери, дозна BalkanEngineer.com од Romaniajournal.ro. Google Lab е центар за студенти кои сакаат да ги развијат своите вештини за програмирање и разработка на дигитални производи и сакаат да станат претприемачи и технолошки специјалисти.
Преку Google Lab, студентите од Политехничкиот универзитет во романската престолнина ќе имаат пристап до курсеви, семинари, летни школи, програми за практикантска работа, дебати и комуникација со претставници на академскиот и техничкиот свет, Хакатон натпревари и грантови.
Програмата на Google Lab за наредните месеци вклучува серија летни школи на различни теми - како што се UI/UX, IoT програмирање, Deep Learning for Computer Vision или Android Basics, семинари за кодирање, консултации за завршување на дипломски проект, серија од докторски и магистерски студентски стипендии за истражување во IoT (Интернет на нештата), како и месечни средби и часови во рамките на Програмата за кариера за софтверско инженерство.
Освен тоа, вештачката интелигенција и новосоздадените технологии (облак, уреди за носење) ќе бидат во фокусот на вниманието во Google Lab преку кварталните настани на Google Tech Talks, каде специјалистите на Google ќе застанат пред студентите и професионалците од ИТ индустријата за да ги упатуваат во создавањето на практични тестови.
Извор на фотографии: canva.com