Во град Орадеа, Романија, ќе биде изградена фабрика за производство на батерии GridStar Flow со нулта јаглеродни емисии која ја користи иновативната технологија на Lockheed Martin, дозна BalkanEngineer.com од thediplomat.ro. Проектот е резултат на спогодбата меѓу американскиот гигант и романската компанија Sinteza, потпишана во присуството на министерот за енергетика на Романија, Себастијан Бурдуја и американскиот амбасадор во земјава. Фабриката, која ќе започне со работа во летото на 2026 година, ќе биде првата од ваков вид во Европа и најголемата во светот.
Инвестицијата изнесува 50 милиони евра и вклучува производство на 30.000 тони електролит годишно, клучна компонента за батериите GridStar Flow кои се користат во големи енергетски системи. Проектот доби поддршка од романскиот Национален план за обнова и одржливост, од кој беа обезбедени 25 милиони евра кофинансирање. Министерот за енергетика го истакна значењето на овој потфат, истакнувајќи дека Романија ќе се претвори во стратешки играч во Европската унија за разработка на обновливи енергетски проекти.
Потпретседателот на Lockheed Martin, Реј Пизели, изјави дека проектот ќе ја претвори Романија во регионален лидер во областа на енергетската ефикасност и безбедност, при што ги подржа целите за „нулта емисија“. Извршниот директор на Sinteza, Гелу Стан, додаде дека проектот претставува важен чекор кон технолошка модернизација и транзиција кон зелена енергија, обезбедувајќи етичка и одржлива инвестиција во иднината на енергетиката во Европа.
Извор на фотографии: © Engineer.BG via Canva.com