In Bulgarian In Serbian In English In Albanian In Romanian
На 1 март годинава бугарскиот стартап за роботика Smart Farm Robotix објави дека добил грант од 2,4 милиони евра од Европскиот совет за иновации (EIC), дозна BalkanEngineer.com од Bnnbreaking.com. Финансиската поткрепа е наменета за понатамошен развој на новаторски робот за плевење на погон од соларна енергија и управуван од вештачка интелигенција (ВИ), кој ветува дека ќе ги револуционизира земјоделските практики.
Роботот за плевење претставува скок во земјоделската технологија, при што се справува со критичните предизвици со кои се соочуваат фармерите ширум светот. Опремен со алгоритми со вештачка интелигенција, тој може да разликува култури од плевели со изведување на прецизни маневри за плевење без употреба на штетни хемикалии, а неговото напојување со соларна енергија обезбедува трајност и флексибилност, што овозможува работа во оддалечени и предизвикувачки средини.
Успехот на Smart Farm Robotix во обезбедувањето на финансирање на EIC ја нагласува неговата конкурентска предност и важноста на неговата иновација. Избран меѓу 42 кандидати и над повеќе од 1000 понуди проектот на стартапот се разликува со својот потенцијал да ја трансформира земјоделската дејност со функции што ја олеснуваат работата на фармерите. Значителниот грант, во комбинација со услуги за забрзување на бизнисот, го позиционира Smart Farm Robotix како лидер во индустријата на аграрните технологии подготвен за брз раст и навлегување на пазарот.
Разработувањето на роботот за плевење Smart Farm Robotix, исто така, има големо значење за одржливото земјоделство. Со елиминирање на потребата од хемиско плевење, тој ги заштитува еколошките земјоделски практики при што истовремено го проширува потенцијалот за земјоделска продуктивност во различни средини. Како што расте глобалното население и климатските промени поставуваат предизвици без преседан, иновации како модерниот робот на бугарскиот стартап нудат надеж за поодржлива иднина како за земјоделството, така и за целото општество.
Извор на фотографии: smartfarmrobotix.eu