In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Под мотото „20 години инженеринг во светот на композитите“, Ламинати Ком прослави значајна годишнина од своето постоење, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Во присуство на соработници, клиенти, претставници на универзитети и стопански комори од Северна Македонија беа прославени досегашните достигнувања на компанијата и беа доделени благодарници за соработка и признанија за специјални достигнувања на надворешни соработници и организации, како и на членови на тимот.
Две децении по основањето, Ламинати Ком останува извозно ориентирана компанија за производство на композитни материјали, композитни елементи со машинска обработка, која реализира голем број сопствени технички решенија во повеќе од 30 земји во светот. Тимската работа на 130 професионалци е рбетот на корпоративната култура, што овозможува постигнувањето на високите стандарди поставени од клиентите, голем дел од кои се на листата на Fortune 100, посочуваат од компанијата.
Во моментов, тимот на Ламинати Ком го спроведува својот 5-годишен инвестициски циклус, кој вклучува подобрување на еколошките услови, модернизација на машинскиот парк, дигитализација, обука, раст и развој на тимот, проширување на човечкиот капацитет, но пред се технолошки раст и развој преку разработка и имплементација на нови технологии како што се јаглеродни композити, термопластични композити, композити од други вештачки влакна и материјали.
Извор на фотографии: laminati.com.mk