In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Директорот на ТИРЗ (Технолошки индустриски развојни зони) Северна Македонија Јован Деспотовски се сретна со помошник-министерот за економија на Јапонија и генерален директор на Дирекција „Трговска политика“ Мацуо Такехико. Двајцата дискутираа и ја истакнаа важноста од зајакната економска соработка меѓу Јапонија и Северна Македонија, особено во услови на глобални политички и економски предизвици, а се разговарало и за конкретни иницијативи за соработка, дозна BalkanEngineer.com од Makfax.com.mk.
Јапонскиот помошник-министер за економија истакна дека е многу важно да се зајакне економската соработка меѓу земјите кои споделуваат заеднички вредности и посочи дека земјата нуди атрактивни услови за јапонските инвеститори, особено за компании кои работат во областа на ИТ и високите технологии.
Директорот на ТИРЗ, од своја страна, упати посебна покана до министерот за економија на Јапонија за официјална посета на земјава во рамки на активностите за одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји.
Пред тоа, Деспотовски имаше средби со првите луѓе на Јапонската агенција за соработка и развој, Јапонската асоцијација на производителите на автомобилски компоненти, Јапонската стопанска комора, како и Јапонската асоцијација за нова економика, каде беше дискутирано за конкретни планови за економска соработка и охрабрување на јапонските компании да инвестираат во Северна Македонија.
Извор на фотографии: canva.com