Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Швајцарската фармацевтска компанија Domaco планира инвестиции во Северна Македонија

16 july 2024

In English In Albanian In Bulgarian In Serbian In Romanian

 

Швајцарската фармацевтска компанија Domaco DHL Natural Hitech покажува сериозен интерес за инвестиции во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Компанијата е импресионирана од условите што Северна Македонија им ги нуди на странските инвеститори, како и од подготвеноста на локалните власти да соработуваат со странските бизниси.

 

 

Domaco развива бизнис во многу земји во Европа, Африка и Америка, произведувајќи и дистрибуирајќи прехранбени и фармацевтски производи под различни брендови, вклучително Vitalp drinks, XL Energy, Dr. Doolittle's, Tiki Drink и Belart Confisseur.

 

Компанијата, основана во 1922 година, има повеќе од 200 вработени и ја развива својата активност на повеќе од 12.000 квадратни метри во седум производствени и шеснаесет фабрики за пакување во светот.

 

 

Извор фото-материјала: canva.com

 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13 september 2024РС Електро: преносливиот трансформатор за прегорување на Baur помага да се лоцираат сложени дефекти

    И покрај непобитниот прогрес во електротехниката, сè уште во кабелските системи често се јавуваат дефекти поради различни причини. Освен обучен персонал, за отстранувањето на дефектите потребна е и високо ефикасна опрема. Во овој контекст, компанијата РС Електро го претставува ATG 6000 на Baur – трансформатор за прегорување за намалување на импедансата при кабелски дефекти во мрежи со низок и среден напон кои тешко се лоцираат. „ATG 6000 е уред со голема моќност, каде излезниот напон може да достигне и до 15 kV DC, а максималната потрошувачка моќност е 5,75 kVA“, посочија за BalkanEngineer.com од етаблираната компанија.

  • 12 september 2024Теси: Како луѓето и нивниот „мотор“ – спортот – даваат поинаков поглед кон силата и мотивацијата за развој

    Теси е една од водечките компании за производство на електрични бојлери и уреди за греење во Европа. Иновациите и стремежот за високи достигнувања отсекогаш биле дел од филозофијата на компанијата, но зад нејзиниот успех не стојат само технологиите и производите, туку и луѓето од нејзиниот тим. Нивните способности ги надминуваат нивните вештини да создаваат висококвалитетни електрични апарати. И бидејќи поминаа само неколку недели од последната Олимпијада, решивме да им обрнеме внимание на овие специјалисти од Теси кои се активни спортисти.

  • 10 september 2024ЛогиСофт реализираше голем проект за автоматизација за сите логистички хабови во Бугарија на курирската компанија Speedy

    Со долгогодишно искуство во автоматизацијата на системи за управување и магацинско работење во различни индустрии, ЛогиСофт обезбедува високо ефикасни решенија сообразени со специфичните барања на секој проект - од проектирањето до имплементацијата и одржувањето. Компанијата има реализирано многу успешно завршени големи и сложени за изведба проекти во сектори како што се производство на керамички керамиди, прехранбена индустрија, фармација, енергетика, опрема за подигнување и транспорт и многу други. Еден од најновите значајни проекти на компанијата е автоматизацијата на процесите во сите дистрибутивни центри на една од водечките курирски компании во Бугарија - Speedy.

  • 05 september 2024Стела Георгиева од GreMa 3D: ВИ не може да го замени човекот, нејзиното влијание врз висококвалификуваните професии е ограничено

    Сведоци сме на исклучиво длабокиот фокус на одржливоста што индустријата го става на себе денес. И клучна улога во тоа има адитивното производството. Затоа денешната гостинка во нашата рубрика „Ќе се промени ли пазарот на трудот под влијание на вештачката интелигенција“ е г-ѓа Стела Георгиева, која се занимава со маркетинг и продажба во GreMa 3D– докажана трговска и инженеринг компанија во сферата на 3D технологиите, која доставува иновативни технички решенија на балканските пазари. Г-ѓа Георгиева, дали развојот на вештачката интелигенција (ВИ) ќе доведе до нова индустриска револуција? Тоа е сосема можно. Во врска со тоа кога и како, останува отворено прашањето.

  • 04 september 2024Филкаб Солар: Во партнерство со SMA, влегуваме во иднината на пазарот на електрична енергија

    Освен проектирање и имплементација на фотонапонски инсталации, водечката инженеринг компанија Филкаб Солар нуди висококвалитетна опрема од докажани развојни и производствени фирми. „Генерирањето на електрична енергија од ОИЕ е чекор кон одржлива и еколошка иднина, затоа ние постојано ги усовршуваме нашите вештини и ги надградуваме нашите компетенции во областа на сончевата енергетика. Во основата на нашето партнерство со водечките европски производители на опрема се карактеристиките на нивните производи“, коментираа за BalkanEngineer.com од Филкаб Солар. Меѓу партнерите на компанијата е и SMA - компанија која поставува нови стандарди за обновливо, децентрализирано и дигитално напојување со електрична енергија.

  • 03 september 2024Смарт Солар Технолоџис планира да изгради голема фабрика за соларни панели и ќелии со инвестиција од над 7,5 милијарди денари

    Инженерсинг компанијата Smart Solar,, дел од бизнис групацијата Smart Energy, ги развива своите активности со забележливо темпо, потврдувајќи ги своите лидерски позиции во областа на соларната енергија во земјата и странство. Меѓу новите проекти на кои работат тимовите на компанијата се четири големи фотонапонски паркови во Португалија. „Дел од нив е и копнената фотонапонска инсталација во град Абрантес, Португалија, со капацитет на произведена моќност од 24 MWp. Во моментов сите наши проекти во јужната европска земја се во фаза на изградба. По завршувањето на фотонапонските инсталации ќе поминеме кон мониторинг и пуштање во употреба на фотонапонските централи (ФЕЦ)“, информираа од Smart Solar.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13 september 2024Операторот на меѓународниот аеродром во Тирана инвестира 140 милиони евра за негово проширување до 2040 година.

    Компанијата што го управува меѓународниот аеродром во Тирана, Tirana International Airport (TIA), планира да ја зголеми површината на аеродромскиот терминал на 40.000 квадратни метри, дозна BalkanEngineer.com од Kapitali.al. Во текот на првите 8 месеци од 2024 година, операторот регистрирал повеќе од 7 милиони патници. Во моментот терминалот Rinas во Тирана зафаќа површина од приближно 14.500 квадратни метри, што значи дека таа ќе се зголеми тројно за да се справи со постојано зголемениот проток на патници кои го користат аеродромот. TIA очекува до крајот на оваа година бројот на патници да надмине 10 милиони. Во 2023 година, аеродромот во Тирана опслужил 7,26 милиони патници, што е за 40% повеќе во споредба со 2022 година.

  • 10 september 2024Србија потпиша со Франција пет спогодби за ископување на суровини, управување со отпад и енергија

    Србија и Франција потпишаа 12 спогодби за време на официјалната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на главниот град Белград, дозна BalkanEngineer.com од Balkangreenenergynews.com. Пет од нив се поврзани со ископување на критични суровини, како што е литиум, како и енергетиката и заштита на животната средина. Двете земји се договорија да соработуваат во областа на нуклеарната енергија со спогодба за заем за електродистрибутивната мрежа. Србија и Франција, исто така, потпишаа изјави за воспоставување на партнерство и соработка за истражување и ископување на критични и стратешки минерални ресурси.

  • 06 september 2024Романската компанија Hidroelectrica објави тендер за рехабилитација на опремата во ХЕЦ Brădișor за 106 милиони евра

    Водечката електроенергетска компанија во Романија, Hidroelectrica, објави тендер за рехабилитација на опремата во ХЕЦ Brădișor во вредност на 106 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од Economica.net. Заинтересираните компании можат да ги достават своите понуди до 1 октомври годинава. Хидроелектраната Brădișor поседува проектирана инсталирана моќност од 100 MW во две турбини и работи од 1982 година. Во дополнување на рехабилитацијата на хидро блоковите, кои ќе треба да работат уште 30 години, Hidroelectrica има за цел исто така да ја зголеми моќноста на објектот на 115 MW.

  • 04 september 2024Северна Македонија очекува три можни индустриски инвестиции во земјава до крајот на 2024 година

    Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски објави, дека во првата недела од септември годинава се очекува официјално да биде ставен почетокот на нова инвестиција во земјава, дозна BalkanEngineer.com од New.mia.mk. Претстои потврда на инвестициски проекти и на уште две компании. Според зборовите на премиерот на Северна Македонија, евентуалната идна инвестиција ќе биде на компанијата Ипсотек и ќе биде во износ од 150 милиони евра. Во моментов се уште се водат преговори, при што земјата се наоѓа во позиција на тесна конкуренција со друга европска земја, членка на Европската унија.

  • 02 september 2024Компанијата Lenasso инвестира во претпријатие за преработка на алуминиум во Бугарија

    Компанијата Lenasso, со предмет на активност градежништво и транспорт, планира изградба на нова фабрика за преработка на алуминиум на земјиштето на село Стрјама, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Претпријатието ќе се простира на површина од 7002 квадратни метри. Идната фабрика на Lenasso ќе биде за топење и леење на алуминиум, како и за производство на алуминиумски инготи. Со оваа инвестиција компанијата има за цел да се конкурира со увозот на алуминиум и да ја намали зависноста на Бугарија од Кина. Максималниот капацитет на претпријатието за топење и леење на алуминиум се очекува да биде 40,8 тони на деноноќие.

  • 30 august 2024Северна Македонија ќе биде домаќин на годишната ИТ конференција „Ingram & Vendors Networking #3“

    Третото издание на годишната ИТ конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ќе се одржи во септември оваа година. во Охрид, Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Главен акцент на настанот, чиј домаќин е Ingram Micro, ќе биде прикажувањето на најновите технологии за сајбер-безбедност, откупнина и виртуелизација за побезбедна и сигурна средина за управување со податоци.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13 september 2024Романија започна процедури за изградба на втор мост на река Дунав меѓу Ѓурѓево и Русе

    Романската државна компанија за управување со патишта CNAIR поднела документација за валидација на физибилити студија за изградба на втор мост над река Дунав што ги поврзува Ѓурѓево, Романија и Русе, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. Проектот ќе биде финансиран од Механизмот за поврзување на Европа CEF2. По одобрувањето на документацијата ќе биде објавен оглас за учество на тендерот во кој ќе биде утврден крајниот рок за доставување на понуди. Идниот прекуграничен објект ќе биде долг 2 километри и ќе треба да обезбеди врска меѓу патната и железничката инфраструктура меѓу двете земји.

  • 11 september 2024Првиот балкански град со електричен јавен автобуски превоз ќе биде во Северна Македонија

    Струмица во Северна Македонија станува првиот балкански град со целосно електричен јавен автобуски превоз во согласност со Европскиот зелен договор, дознава BalkanEngineer.com од New.mia.mk. За време на свеченоста во главниот град Скопје, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов ги прими клучевите на десет електрични автобуси. Откако ќе поминат царински преглед и ќе бидат регистрирани и осигурени, се очекува електричните автобуси да бидат транспортирани до Струмица. Ќе биде направен и едномесечен период на тест-возење, започнувајќи од 11 септември, во кој патниците нема да плаќаат автобуски билети.

  • 09 september 2024Глобалниот бренд во областа на одржливата мобилност Ayvens започна со активност во Бугарија

    Светскиот специјалист во областа на мобилноста, Ayvens, започна со активност во Бугарија преку спојување на брендовите ALD Automotive и LeasePlan, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Новоформираната компанија спроведува одобрен тригодишен стратешки развоен план од септември 2023 година. Од 2014 година, ALD Automotive работи на бугарскиот пазар во областа на мобилноста, електрификацијата и управувањето со возни паркови, како и високотехнолошки услуги за корпоративна мобилност.

  • 05 september 2024Master IT и Odoo развиваат партнерство за обезбедување на модерни ERP решенија за бизнисите во Албанија

    Специјалисти за разработката и имплементацијата на решенија за ERP (планирање на ресурси на претпријатието) Master IT и Odoo официјално го претставија своето партнерство за време на конференцијата „Odoo Roadshow“ во Тирана, Албанија, дозна BalkanEngineer.com од Albaniatech.org. Технолошкиот настан привлече стотици компании од различни сектори. Присутните на „Odoo Roadshow“ успееја одблиску да се запознаат со предностите и флексибилноста на решението Odoo 17 - најновата верзија на Odoo ERP платформата. Демонстрацијата беше направена од компанија Master IT, која поседува сертифициран тим и над 8 години искуство во имплементацијата на ERP информациски системи, кои обезбедуваат одржлив раст на бизнисот.

  • 03 september 2024Автопатите во Србија ќе имаат 164 станици за полнење на електрични автомобили до средината на 2025 година

    Зголемениот број на електрични автомобили во Србија итно бара изградба на повеќе електрични станици за полнење, бидејќи автопатите во земјата моментално поседуваат само одвај осум, дозна BalkanEngineer.com од Ekapija.com. Државата планира нивниот број да го зголеми до 164 до април-мај 2025 година. Во моментов во тек е инсталирањето на 10 уреди за полнење на релациите од Шид до Белград, од Белград до Ниш, од Ниш до Прешево, од Белград до Нови Сад и од Ниш до Димитровград. Ова беше јасно појаснето во соопштение на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ. Други 16 станици за полнење со електрична енергија се градат и на два нови правци, како и на брзинскиот автопат Шабац-Лозница.

  • 30 august 2024Nokian Tyres доби 99,5 милиони евра помош од ЕУ за изградба на фабрика за гуми со нулта емисии во Романија

    Европската комисија му одобри 99,5 милиони евра на финскиот производител на гуми Nokian Tyres за изградбата на нова фабрика со нулта јаглеродни емисија во град Орадеа, Романија, дозна BalkanEngineer.com од Eurreporter.co. Вкупната инвестиција во претпријатието се проценува на околу 650 милиони евра. Избраната локација на идната фабрика ги исполнува условите за регионална помош согласно Договорот за функционирањето на Европската унија (ТФЕУ). Еко-претпријатието на Nokian Tyres ќе има производствен капацитет од приближно 6 милиони единици гуми за патнички автомобили годишно при што се очекува да стане првата фабрика за гуми со нулта емисии на јаглерод диоксид во светот.

Види ги сите »