In Albanian In Bulgaria In English In Romanian In Serbian
Инвестицискиот фомд за клима (CIF) даде зелено светло за инвестиција од 85 милиони американски долари за Северна Македонија. Финансирањето е клучен момент за Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на земјата, која е насочена кон укинување на употребата на јаглен до 2030 година во согласност со обврските на земјата според Париската спогодба, дозна BalkanEngineer.com од Ceenergynews.com.
Се очекува инвестицијата да резултира до сооднос на кофинансирање од 1:7, при што дополнителни средства во висина на 591 милион американски долари ќе бидат обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Светската банка, јавниот и приватниот сектор.
Планот на земјата има за цел да ги намали емисиите на CO2 за над 13 милиони тони до 2038 година. Преку инвестицијата на CIF ќе можат да бидат инсталирани 400 MW дополнителен капацитет за обновлива енергија и 100 MW капацитет за складирање на енергија со цел зголемување на енергетската безбедност и одржливоста на земјата. Ова е од стратешко значење за Северна Македонија, која до моментот е многу зависна од увозот на енергија и термоелектраните на јаглен „Битола“ и „Осломеј“.
Друг важен аспект од стратегијата на Северна Македонија е инвестицијата во работната сила, при што ќе се охрабри развојот на нови знаења и вештини во областа на енергетиката и зелената економија.
Финансирањето на CIF е дел од поголема инвестициска програма за забрзување на транзицијата од јаглен во зелена енергија од 2,2 милијарди американски долари, насочена да им помогне на земјите што се зависни од јаглен со среден приход.
Извор фото-материјала: canva.com