In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Од 21 до 25 мај 2018 година во Белград, Србија се одржа 62-рото издание на Меѓународниот саем на техниката и техничките достигнувања, дозна BalkanEngineer.com. Настанот собра над 600 изложувачи од 31 земја на 5 континенти.
Оваа година специјализираниот технички саем се одржа под слоганот „Чекор кон иднината“. Тоа е најважниот економски и технички настан во Србија, кој влијае во областа на техниката и новите технологии врз цела Југоисточна Европа, со што им овозможува на изложувачите да стигнат до посакуваните од нив пазари.
Саемот се одржува од 1937 година и од тогаш до сега е платформа за создавање на контакти, средби и размена на информации и искуства помеѓу излагачи и посетители. И во 2018 година програмата вклучуваше специјализирани изложби, b2b состаноци, разни презентации, семинари и атрактивни демонстрации.
Меѓу учесниците оваа година беа: RAIS Ltd., PROMAN s.r.o., NUKON BULGARIA LTD., HUBATA SEALS doo и ESD Bulgaria Ltd.
Извор на фото материјал: Belgrade Fair