Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Алкалоид ја зголеми својата консолидирана нето добивка со 12 % во 2022 година

08 march 2023

In Albanian  In Bulgarian  In English  In Romanian  In Serbian

 

Најголемата фармацевтска компанија во Северна Македонија, Алкалоид, ја зголеми својата консолидирана нето добивка со 12% на годишно ниво до 1,46 милијарди денари во 2022 година. Тоа го дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com.

 

 

Продажбата во земјата е зголемена со 3% на годишно ниво до 4,6 милијарди денари во однос на лани, додека продажбата во странство е зголемена со 16% и достигна 9,7 милијарди денари. Цената на продадените стоки е за 11% повисока во однос на 2022 година и достигна 7,8 милијарди денари.

 

Алкалоид има две подружници во Северна Македонија и 19 подружници и две претставништва во странство - во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Русија, САД и Велика Британија. Во компанијата работат 2.015 луѓе во Северна Македонија и 602 во нејзините подружници во странство.

 

Извор на фотографии: canva.com 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 05 september 2024Стела Георгиева од GreMa 3D: ВИ не може да го замени човекот, нејзиното влијание врз висококвалификуваните професии е ограничено

    Сведоци сме на исклучиво длабокиот фокус на одржливоста што индустријата го става на себе денес. И клучна улога во тоа има адитивното производството. Затоа денешната гостинка во нашата рубрика „Ќе се промени ли пазарот на трудот под влијание на вештачката интелигенција“ е г-ѓа Стела Георгиева, која се занимава со маркетинг и продажба во GreMa 3D– докажана трговска и инженеринг компанија во сферата на 3D технологиите, која доставува иновативни технички решенија на балканските пазари. Г-ѓа Георгиева, дали развојот на вештачката интелигенција (ВИ) ќе доведе до нова индустриска револуција? Тоа е сосема можно. Во врска со тоа кога и како, останува отворено прашањето.

  • 04 september 2024Филкаб Солар: Во партнерство со SMA, влегуваме во иднината на пазарот на електрична енергија

    Освен проектирање и имплементација на фотонапонски инсталации, водечката инженеринг компанија Филкаб Солар нуди висококвалитетна опрема од докажани развојни и производствени фирми. „Генерирањето на електрична енергија од ОИЕ е чекор кон одржлива и еколошка иднина, затоа ние постојано ги усовршуваме нашите вештини и ги надградуваме нашите компетенции во областа на сончевата енергетика. Во основата на нашето партнерство со водечките европски производители на опрема се карактеристиките на нивните производи“, коментираа за BalkanEngineer.com од Филкаб Солар. Меѓу партнерите на компанијата е и SMA - компанија која поставува нови стандарди за обновливо, децентрализирано и дигитално напојување со електрична енергија.

  • 03 september 2024Смарт Солар Технолоџис планира да изгради голема фабрика за соларни панели и ќелии со инвестиција од над 7,5 милијарди денари

    Инженерсинг компанијата Smart Solar,, дел од бизнис групацијата Smart Energy, ги развива своите активности со забележливо темпо, потврдувајќи ги своите лидерски позиции во областа на соларната енергија во земјата и странство. Меѓу новите проекти на кои работат тимовите на компанијата се четири големи фотонапонски паркови во Португалија. „Дел од нив е и копнената фотонапонска инсталација во град Абрантес, Португалија, со капацитет на произведена моќност од 24 MWp. Во моментов сите наши проекти во јужната европска земја се во фаза на изградба. По завршувањето на фотонапонските инсталации ќе поминеме кон мониторинг и пуштање во употреба на фотонапонските централи (ФЕЦ)“, информираа од Smart Solar.

  • 03 september 2024Највисок степен на заштита во училиште со системот за безжичен аларм за пожар Natron од Телетек Електроникс

    Дали знаете дали во училиштето или градинката на вашето дете е инсталиран противпожарен систем? Добро е да прашате! Бидејќи изградбата на сигурна инсталација во образовните институции и потребата од зголемена заштита на адолесцентите, училишниот персонал и имотот е од најголема важност. На прагот на новата учебна година, заедно со специјалистите од водечката производствена компанија Телетек Електроникс, развивајќи и нудејќи современи решенија за противпожарен аларм, обрнуваме внимание на темата безбедност и сигурност во образовните институции. Според податоците од направените истражувања, значителен процент од градинките и училиштата во различни европски земји немаат инсталирано противпожарен систем.

  • 02 september 2024Инженеринг ЕАД: Извршивме целосна електрична изградба на новата фабрика за скијачка опрема на Амер Спортс Бугарија

    Amer Sports е меѓународна компанија за спортски производи, препознатлива по своите брендови Salomon, Wilson, Atomic, Arc'teryx, Suunto и Precor. Нејзината подружница во Бугарија, Амер Спортс Бугарија произведува висококвалитетни скии за брендовите Atomic и Salomon, како и за разработувачите на оригинална опрема. Фирма Инженеринг ЕАД е избран изведувач на целосната електрична изградба и електричната опрема на фабриката. „Ние сме изведувач на проектот, како изведувач на електричниот дел, со одделен договор. Инвеститор е Амер Спортс Бугарија, а вредноста на договорот изнесува 1.400.000 лева без ДДВ. Одредениот рок за неговата реализација е во рамките на периодот 2023-2024 година“, информираа за BalkanEngineer.com од докажаната инженеринг компанија.

  • 31 august 2024Роботот M-710iC/50 на FANUC придонесува за брзото и квалитетно пакување на преливи за салати во швајцарска компанија

    Компанијата Brunos, водечки специјалист за преливи за салати во шишиња, тешко го одржуваше темпото на својата автоматизирана производствена линија кога готовиот производ требаше да се пакува и товари на палети. Достигнувајќи ја границата на своите технолошки можности, од компанијата беа свесни дека автоматизирањето на процесот ќе даде одговор на овој проблем, но само доколку се најде соодветен брз и компактен робот. За таа цел, Brunos го контактираше Robotec Solutions, искусен системски интегратор на роботизирани решенија за автоматизација.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 10 september 2024Србија потпиша со Франција пет спогодби за ископување на суровини, управување со отпад и енергија

    Србија и Франција потпишаа 12 спогодби за време на официјалната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на главниот град Белград, дозна BalkanEngineer.com од Balkangreenenergynews.com. Пет од нив се поврзани со ископување на критични суровини, како што е литиум, како и енергетиката и заштита на животната средина. Двете земји се договорија да соработуваат во областа на нуклеарната енергија со спогодба за заем за електродистрибутивната мрежа. Србија и Франција, исто така, потпишаа изјави за воспоставување на партнерство и соработка за истражување и ископување на критични и стратешки минерални ресурси.

  • 06 september 2024Романската компанија Hidroelectrica објави тендер за рехабилитација на опремата во ХЕЦ Brădișor за 106 милиони евра

    Водечката електроенергетска компанија во Романија, Hidroelectrica, објави тендер за рехабилитација на опремата во ХЕЦ Brădișor во вредност на 106 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од Economica.net. Заинтересираните компании можат да ги достават своите понуди до 1 октомври годинава. Хидроелектраната Brădișor поседува проектирана инсталирана моќност од 100 MW во две турбини и работи од 1982 година. Во дополнување на рехабилитацијата на хидро блоковите, кои ќе треба да работат уште 30 години, Hidroelectrica има за цел исто така да ја зголеми моќноста на објектот на 115 MW.

  • 04 september 2024Северна Македонија очекува три можни индустриски инвестиции во земјава до крајот на 2024 година

    Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски објави, дека во првата недела од септември годинава се очекува официјално да биде ставен почетокот на нова инвестиција во земјава, дозна BalkanEngineer.com од New.mia.mk. Претстои потврда на инвестициски проекти и на уште две компании. Според зборовите на премиерот на Северна Македонија, евентуалната идна инвестиција ќе биде на компанијата Ипсотек и ќе биде во износ од 150 милиони евра. Во моментов се уште се водат преговори, при што земјата се наоѓа во позиција на тесна конкуренција со друга европска земја, членка на Европската унија.

  • 02 september 2024Компанијата Lenasso инвестира во претпријатие за преработка на алуминиум во Бугарија

    Компанијата Lenasso, со предмет на активност градежништво и транспорт, планира изградба на нова фабрика за преработка на алуминиум на земјиштето на село Стрјама, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Претпријатието ќе се простира на површина од 7002 квадратни метри. Идната фабрика на Lenasso ќе биде за топење и леење на алуминиум, како и за производство на алуминиумски инготи. Со оваа инвестиција компанијата има за цел да се конкурира со увозот на алуминиум и да ја намали зависноста на Бугарија од Кина. Максималниот капацитет на претпријатието за топење и леење на алуминиум се очекува да биде 40,8 тони на деноноќие.

  • 30 august 2024Северна Македонија ќе биде домаќин на годишната ИТ конференција „Ingram & Vendors Networking #3“

    Третото издание на годишната ИТ конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ќе се одржи во септември оваа година. во Охрид, Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Главен акцент на настанот, чиј домаќин е Ingram Micro, ќе биде прикажувањето на најновите технологии за сајбер-безбедност, откупнина и виртуелизација за побезбедна и сигурна средина за управување со податоци.

  • 27 august 2024Србија и Романија склучија меморандум за разбирање за изградба на интерконектор за гас

    Србија и Романија на почетокот на август годинава склучија меморандум за разбирање. во врска со изградбата на меѓусистемска врска за природен гас Рекаш - Мокрин, дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. Проектот е во вредност од 87 милиони евра. Документот беше потпишан од министрите за енергетика на Србија и Романија во присуство на генералниот директор на романскиот државен оператор на системот за пренос на гас Transgaz. Интерконекторот ќе биде со должина од 97 километри и ќе поминува главно преку романска територија, каде ќе биде изградена и мерна станица.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 09 september 2024Глобалниот бренд во областа на одржливата мобилност Ayvens започна со активност во Бугарија

    Светскиот специјалист во областа на мобилноста, Ayvens, започна со активност во Бугарија преку спојување на брендовите ALD Automotive и LeasePlan, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Новоформираната компанија спроведува одобрен тригодишен стратешки развоен план од септември 2023 година. Од 2014 година, ALD Automotive работи на бугарскиот пазар во областа на мобилноста, електрификацијата и управувањето со возни паркови, како и високотехнолошки услуги за корпоративна мобилност.

  • 05 september 2024Master IT и Odoo развиваат партнерство за обезбедување на модерни ERP решенија за бизнисите во Албанија

    Специјалисти за разработката и имплементацијата на решенија за ERP (планирање на ресурси на претпријатието) Master IT и Odoo официјално го претставија своето партнерство за време на конференцијата „Odoo Roadshow“ во Тирана, Албанија, дозна BalkanEngineer.com од Albaniatech.org. Технолошкиот настан привлече стотици компании од различни сектори. Присутните на „Odoo Roadshow“ успееја одблиску да се запознаат со предностите и флексибилноста на решението Odoo 17 - најновата верзија на Odoo ERP платформата. Демонстрацијата беше направена од компанија Master IT, која поседува сертифициран тим и над 8 години искуство во имплементацијата на ERP информациски системи, кои обезбедуваат одржлив раст на бизнисот.

  • 03 september 2024Автопатите во Србија ќе имаат 164 станици за полнење на електрични автомобили до средината на 2025 година

    Зголемениот број на електрични автомобили во Србија итно бара изградба на повеќе електрични станици за полнење, бидејќи автопатите во земјата моментално поседуваат само одвај осум, дозна BalkanEngineer.com од Ekapija.com. Државата планира нивниот број да го зголеми до 164 до април-мај 2025 година. Во моментов во тек е инсталирањето на 10 уреди за полнење на релациите од Шид до Белград, од Белград до Ниш, од Ниш до Прешево, од Белград до Нови Сад и од Ниш до Димитровград. Ова беше јасно појаснето во соопштение на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ. Други 16 станици за полнење со електрична енергија се градат и на два нови правци, како и на брзинскиот автопат Шабац-Лозница.

  • 30 august 2024Nokian Tyres доби 99,5 милиони евра помош од ЕУ за изградба на фабрика за гуми со нулта емисии во Романија

    Европската комисија му одобри 99,5 милиони евра на финскиот производител на гуми Nokian Tyres за изградбата на нова фабрика со нулта јаглеродни емисија во град Орадеа, Романија, дозна BalkanEngineer.com од Eurreporter.co. Вкупната инвестиција во претпријатието се проценува на околу 650 милиони евра. Избраната локација на идната фабрика ги исполнува условите за регионална помош согласно Договорот за функционирањето на Европската унија (ТФЕУ). Еко-претпријатието на Nokian Tyres ќе има производствен капацитет од приближно 6 милиони единици гуми за патнички автомобили годишно при што се очекува да стане првата фабрика за гуми со нулта емисии на јаглерод диоксид во светот.

  • 28 august 2024Лидерот во дигитализацијата на деловни процеси Engineering Group отвора канцеларија во Тирана, Албанија

    Engineering Group италијанска компанија и меѓународен лидер во дигитализацијата на процеси во бизнисот и јавната администрација, го најави отворањето на својот најнов објект во Тирана, Албанија, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на компанијата. Програмерот ќе работи преку неговата подружница Engineering Albania. Канцеларијата во албанскиот главен град Тирана ќе сместува центри за компетенција во сферата на авангардните дигитални решенија, кои ќе бидат разработени и имплементирани во соработка со меѓународни технолошки партнери како што се SAP, Salesforce, AWS и Microsoft.

  • 26 august 2024Глобалниот производител на воена и специјализирана техника IAG ќе гради нова фабрика во Бугарија

    Интернешинал арморд груп БГ (ИАГ БГ) ќе гради ново високотехнолошко и иновативно претпријатие за логистички борбени и тактички машини во општина Симитли, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Компанијата е бугарска филијала на глобалниот производител на воена и специјализирана техника International Armored Group. Проектот е во вредност од 2,56 милиони евра и предвидува отворање на 25 работни места. Во идното претпријатие ќе се произведуваат повеќе од 100 модели на специјализирани машини, вклучително оклопни возила за армијата, полицијата и специјалните сили, итната медицинска помош итн. Ова е втора инвестиција на ИАГ БГ во Бугарија.

Види ги сите »