Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Албанија и Косово официјално ги обединија своите енергетски пазари со цел поефикасна енергетика и нови бизнис можности

25 march 2024

In Albanian In Bulgarian In Romanian In English In Serbian

 

Албанија и Косово официјално ги обединија своите енергетски пазари, и на овој начин станаа дел од значителен енергетски блок од економско и геополитичко значење, соопштија за BalkanEngineer.com од БТА. Историскиот момент за енергетскиот сектор на двете земји беше одбележан на специјална церемонија на почетокот на март годинава.

 

 

Уште во јуни 2018 година, Операторот на електропреносниот систем на Албанија (ОЅТ), операторот на електропреносниот систем и пазарот на електрична енергија на Косово (КОЅТТ), Албанското енергетско регулаторно тело (ERE) и Службата за енергетска регулација на Косово (ERO) потпишаа меморандум за разбирање за обединување на енергетскиот пазар, што веќе е факт. Овој чекор се очекува да одигра важна улога во економскиот развој на двете земји и транспарентноста во енергетскиот сектор.

 

Според премиерот на Косово Албин Курти, продлабочувањето на прекуграничната соработка е еден од најдобрите методи за справување со предизвиците и тешкотиите во овој сектор. Заедничкиот енергетски пазар се очекува да создаде нови бизнис можности, поефикасен енергетски систем и поповолна средина за привлекување на странски инвестиции.

 

Според зборовите на главниот извршниот директор на КОЅТТ, Еветар Зеќири, обединувањето на енергетскиот пазар е резултат на далекувидната визија на двете влади и силната поддршка од соодветните министерства на двете земји. Тој изјави уште и дека спогодбата е крај на процес на реформи во енергетскиот сектор кој продолжи повеќе од 20 години.

 

Извор на фотографии: canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »