Компании

Шети Бугарија ДООЕЛ

  • Локација Бугарија, село Костиево, област Пловдив
  • Веб-страница http://www.schatti.bg

За организацијата

Шети Бугарија ДООЕЛ е компанија, специјализирана во изработката на единични или комплексни производи од метал. Таа е докажан производител на шарки и механизми за мебел и бела техника, кој тесно соработува со компании во областа на електроиндустријата, машиноградбата, индустријата за мебел, како и во областа на апаратите за домаќинство.

Фирмата располага со машински парк од најнова генерација, распределен во три одделенија: „Алатница“, „Механички“ и „Пресување“. Главниот производствен процес вклучува обработка на лим со дебелина помеѓу 1 и 6 милиметри и ширина до 500 милиметри. Матриците и чекорните алатки, како и поврзаните со нив детали, се конструираат и произведуваат целосно од Шети Бугарија.

Првите успешно имплементирани универзални роботи се дел од патот на Шети кон концептот Industry 4.0. Визијата за иднината на компанијата е базирана врз изградбата на интелигентна фабрика во која колаборативни роботи, ERP систем, информациска база, контролери и сензори ќе работат заедно со висококвалификувани вработени за едно поефикасно, посеопфатно и брзо производство.

Тимот од специјалисти е најголемиот капитал на компанијата. Тој е движечка сила на Шети во развојот на технолошките процеси и ја претвора во компанија која ги задоволува највисоките европски и светски стандарди.

Амбицијата на Шети Бугарија е точно и доследно да се постигне високо ниво на квалитетот и извршувањето во рок на испораките. Системот за управување со квалитетот ги интегрира безбедноста при работа, заштитата на животната средина (ISO14001) и контролата на квалитетот (ISO 9001). Постојаниот развој и подобрувањето на технолошките процеси е непроменлива цел на компанијата, за чиј ангажман во насока еколошко производство сведочат и нејзините сертификатите според ISO 9001 и ISO 14001.

Контакти

  • Име на компанија: Шети Бугарија ДООЕЛ
  • Веб-страница: http://www.schatti.bg

Адреса: Бугарија, село Костиево 4205, област Пловдив, ул. „Капетан Бураго“ 1 (9-ти километар на патот Пловдив-Пазарџик)

Тел: +359 (32) 500 424

Факс: +359 (32) 500 423

Е-mail: office@schatti.com