Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Центарот за обработка RAIS M550 обезбедува голема брзина на работа дури и во тешки работни услови

27 november 2024

In Bulgarian  In Serbian  In Romanian  In Albanian

 

Вертикалниот центар за обработка RAIS M550 веќе 20 години е водечка разработка на пазарот, кој се етаблирал како репер во областа на техниката за сечење на метал. Решението е наменето за различни процеси на обработка на метал при работа со детали со средна големина, изведени со исклучива прецизност и високи брзини на сечење и додавање. „RAIS M550 располага со вретенест склоп од тип на касета без потреба од одржување, прецизни радијално аксијални лежишта, како и подобрена аксијална сила на стегање што ги елиминира вибрациите при тешки работни услови“, соопштија за BalkanEngineer.com од докажаната производствена компанија РАИС.

Машината со CNC е проектирана со оптимална конструкција, гарантирајќи минимални термички деформации, отсуство на вибрации во процесот на работа и висока геометриска точност и рамномерност на обработените детали. Линеарните водилки на трите оски со нула луфта обезбедуваат стабилност на сечењето при целосно оптоварување, минимално триење при движење и голема точност и брзина, без регулирање во процесот на работата.

 

„Центарот за обработка е целосно опремен со тело од леано железо, оптимална ребреста основа, столб, кутија на вретеното и маса, кои обезбедуваат максимална цврстина и минимално свиткување под оптоварување. Сите парови со топчести завртки (ПТЗ) се од прецизна P3 класа Ø40 mm, со двојна навртка за минимална луфта и гарантираат висока точност на позиционирање и тековност на процесите. Директно споените кон ПТЗ асинхрони серво мотори на сите оски овозможуваат максимална точност при интерполација“, објаснија специјалистите.

 

Видеото подолу прикажува центар за обработка со три оски RAIS M550 со алатки AVANTEC, кој нуди исклучителна стабилност и сигурност дури и при груба обработка и отстранување на струготини. Во исто време, оптоварувањето на моторот на вретеното во овие режими е мало - во дијапазон помеѓу 20-30%.

Адреса: Бугаријау, Пазарџик ул.Димчо Дебељанов 58, 

Телефон: +34 444 255

E-mail: info@raisbg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: РАИС, ©Engineer BG via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »