Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Телетек Електроникс: Pепетативен панел за работа со адресибилни системи за алармирање на пожар Simpo и Iris

23 september 2021

In Bulgarian  In Serbian

 

Телетек Електроникс е докажан европски лидер во проектирањето, развојот, имплементацијата, оптимизацијата и одржувањето на технологии што ги штитат животот и безбедноста на луѓето. Компанијата произведува целосен спектар на системи за безбедност и противпожарна заштита кои ги исполнуваат барањата на секоја примена. „За да им обезбедиме уште поголема удобност и сигурност на нашите клиенти, го развивме репетативниот панел Repeater TFT Iris/Simpo за работа со нашите адресибилни детектори за известување на пожар Simpo и Iris. Главната задача на уредот е да Ви ги обезбеди потребните информации за моменталната состојба во просториите, без да мора да бидете физички блиску до главниот панел“, објаснија за BalkanEngineer.com од Телетек Електроникс.

 

 

Репетативниот панел (бел. на уредникот од англиски repeater) е уред кој ги дуплира информациите дадени од адресибилните панели за алармирање на пожар на Телетек Електроникс - Simpo и Iris. Преку него може да се поврзат до 64 панели во мрежа, користејќи резервиран мрежен модул базиран на RS485 интерфејс или стандардна LAN мрежа. Информациите од главните панели за следење на алармот за пожар се прикажуваат на 7-инчен LCD екран на репетативниот панел на кој постои и LED индикација.

 

 

Repeater TFT Iris/Simpo има вградена функција за часовник во реално време, како и со Micro USB за програмирање и ажурирања на фирмверот. „Репетативниот панел е развиен со тенок, елегантен дизајн и поддржува различни работни јазици. Уредот им нуди на корисниците опции за рестартирање, евакуација, замолчување на сирените и исклучување на „зуењето“ на сите панели вклучени во мрежата“,споделија од Телетек Електроникс.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Телетек Електроникс АД, Piraeus Bank

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »