In Romanian In Serbian In Bulgarian In Albanian
Повеќе од 40 години, Rochester Electronics, во партнерство со повеќе од 70 глобално етаблирани производители на полупроводници, за клиентите ширум светот е континуиран извор на критични полупроводнички решенија. На пазарот позиционирана под својот трговски бренд Rochester Semiconductor Lifecycle Solution™, компанијата денес ја нуди најголемата „банка“ за полупроводници во светот со повеќе од 15 милијарди подготвени за употреба уреди на залиха. Повеќе за компанијата и нејзиното присуство во Европа, за BalkanEnginner.com раскажа инженер Стивен Морис, генерален менаџер за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA) во Rochester.
Rochester е производител со малку понетрадиционална практика, кој соработува со повеќе од 70 други водечки производители. Како се роди оваа идеја?
Сè започна со визијата за справување со растечкиот проблем со застареноста на полупроводничките компоненти на нашиот основач Керт Гериш. Откако ги набљудуваше огромните предизвици поврзани со уредите кои веќе не се користат, за време на неговата раководна позиција во Motorola Semiconductor, Керт ја создава Rochester Electronics. . Годината е 1981 година, а целта е да се обезбеди сигурен извор на оригинални компоненти овластени од добавувачот.
Кои се главните индустриски сектори во кои наоѓаат најголема примена полупроводничките решенија на компанијата?
Полупроводничките решенијата на Rochester Electronics се широко користени во неколку клучни сектори, вклучително автомобилска индустрија, одбранбена и вселенска индустрија, медицинска техника и транспорт.
Кои се следните чекори што имате намера да ги преземете со цел зајакнување на лидерската позиција и стратешкиот развој на Rochester за EMEA?
Во 2024 и 2025 година, ќе ја подобриме поддршката за клучните вертикални сегменти како што е воениот, вселенскиот, индустрискиот и автомобилскиот сектор. Исто така, ќе го зајакнеме нашето локално присуство во Источна Европа, особено во Романија и Унгарија, за да обезбедиме посигурна локална услуга за клиентите. Проширувањето на нашиот тим од специјалисти, инвестирањето во локална инфраструктура и формирањето на стратешки партнерства ќе бидат од клучно значење за постигнувањето на овие цели.
Телефон: +48 22 307 66 11
Е-пошта: plsales@rocelec.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Rochester Electronics, лична архива на Стивен Морис