Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Стивен Морис, генерален менаџер на EMEA во Rochester: Балканот се формира како сериозен играч во индустријата за полупроводници

19 august 2024

In Bulgarian  In Romanian In Albanian In Serbian

 

Дипломирал електротехника на Универзитетот Стратклајд во Глазгов, Шкотска, Стивен Морис го започнува својот професионален пат во редовите на еден од најголемите светски гиганти - Motorola. По виорот од бескрајни можности, успеси и предизвици, тој добива понуда да се приклучи на структурата на една од најголемите меѓународни компании за производство на полупроводници во светот - Rochester Electronics, во улога на генерален менаџер за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка. (ЕМЕА) – позиција што ја има и денес, 9 години подоцна. Што уште раскажува тој за развојот на балканските пазари, погледнете во ексклузивното интервју на BalkanEngineer.com.

 

 

Можете ли да ни кажете за бизнисот на Rochester Electronics?

 

Ние во Rochester Electronics сме горди што сме најголемиот постојан извор на полупроводници во светот. Нашата сфера на активности првенствено се врти околу снабдувањето на широк спектар на полупроводнички компоненти, уреди и решенија за клиентите од целиот свет. Ние сме уникатно позиционирани на пазарот со нашиот трговски бренд Semiconductor Lifecycle Solution™, кој гарантира континуирана достапност на полупроводници уште од нивното почетно производство до крајот на нивниот животен циклус.

 

 

Како го оценувате развојот на европските пазари и посебно овој на Балканот?

 

Балканскиот регион, иако помал по обем во споредба со Западна Европа, постепено се формира како мошне сериозен играч во индустријата за полупроводници, движен од неколку фактори како стратешка местоположба, квалификувана работна сила и образование, владина поддршка и стимулации. Како целина, технолошкиот екосистем на Балканот непрекинато се шири со појавата на нови старт-ап компании и веќе етаблирани кои се специјализирани во областа на електрониката, разработката на софтвер и технологиите за полупроводници.

 

Телефон: +48 22 307 66 11

Е-пошта: plsales@rocelec.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографии: Rochester Electronics, Лична архива на Стивен Морис

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »