Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Стела Георгиева од GreMa 3D: ВИ не може да го замени човекот, нејзиното влијание врз висококвалификуваните професии е ограничено

05 september 2024

 In Serbian In Bulgarian

 

Сведоци сме на исклучиво длабокиот фокус на одржливоста што индустријата го става на себе денес. И клучна улога во тоа има адитивното производството. Затоа денешната гостинка во нашата рубрика „Ќе се промени ли пазарот на трудот под влијание на вештачката интелигенција“ е г-ѓа Стела Георгиева, која се занимава со маркетинг и продажба во GreMa 3D– докажана трговска и инженеринг компанија во сферата на 3D технологиите, која доставува иновативни технички решенија на балканските пазари.

 

 

Г-ѓа Георгиева, дали развојот на вештачката интелигенција (ВИ) ќе доведе до нова индустриска револуција?

 

Тоа е сосема можно. Во врска со тоа кога и како, останува отворено прашањето.

 

Дали веќе се набљудува промена на пазарот на труд под влијание на вештачката интелигенција?

 

На многу клучни позиции, вештачката интелигенција не може да го замени човекот, па затоа не би рекла дека би влијаела на пазарот на трудот во областа на инженерските позиции, како и во однос на работата на сметководители, економисти и други висококвалификувани кадри.

 

Очекувате ли промени на пазарот на труд во Бугарија во врска со вештачката интелигенција во иднина?

 

Секако е можно развојот на вештачката интелигенција да има влијание како на изборот на кадри, така и на трансформацијата на работните места. Но, овој процес ќе трае долго, најверојатно со децении. Посебно за бугарскиот пазар не очекувам огромна промена, барем во блиска иднина.

 

Што според Вас треба да преземе еден специјалист сега за да остане конкурентен во иднина?

 

Технологиите добро се справуваат со рутинските задачи во работата, но она што ќе остане навистина вредно во иднина е креативното размислување - процес поврзан со генерирањето на нестандардни решенија, со способноста за справување со конфликтни ситуации и создавањето на иновативни производи и услуги.

 

 

Адреса: Русе, ул. Љуљак 11

Телефон: +359 88 810 0273

E-mail: office@grema3d.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: GreMa 3D (Грејт Мастер), ©Engineer.BG via Canva.com, ©Traitov via Canva.com, ©Tony Studio via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »