In Bulgarian
Точно на брегот на река Шпрее (Spree), само на 6 минути од историскиот центар на град Копеник (Köpenick) и на 30 минути со трамвај од срцето на Берлин, Германија, се наоѓа станбената населба Уферкроне (Uferkrone). Таа не привлекува само со својата местоположба и смирувачки панорамски поглед кон реката и природата, но исто така и со кратките растојанија до продавници, училишта и можности за работа. Во оваа огреана од сонце населба можат да се најдат различни видови на живеалишта, кои го следат концептот „куќа во куќа“ (house-in-house), како и елегантни повеќекатни станбени згради со станови и мезонети. При проектирањето на секоја од нив е почитувано едно заедничко правило – обезбедување на удобност, комфор и висок квалитет на живот.
Од архитектонска гледна точка тоа е постигнато преку обезбедување на удобен и функционален распоред на просториите, слободен пристап до природна светлина во секоја една од нив, присуство на пространи тераси и директен пристап до лифтот, кој води до подземниот паркинг. Во технолошки однос, меѓу решенијата кои се грижат за удобноста на станарите, се станбените станици Regudis W-HTF на докажаниот европски производител на фитинзи, регулатори и комплетни системи за греење Oventrop GmbH & Co. KG KG.
При овој проект сигурната врска помеѓу генераторот на топлина и грејните кругови е обезбедена од 8 системи за врска со котел Regumat DN 40 и DN 50. Високата енергетска ефикасност и комфорното локално обезбедување на топла вода за греење и за потрошувачка во живеалиштето се гарантира од 144 станбени станици Regudis W-HTF.
Станбените станици Regudis W-HTF носат придобивки не само за инвеститорот туку и за станарите. Тие овозможуваат регулирање на температурата на топлата вода, индивидуален прекин во текот на ноќта или во одредена зона, како и последователна интеграција на топлински броила и водомери за прецизно контролирање и отчитување на трошоците.
Топлата вода за секој живеалиште се доставува преку разменувач на топлина, што работи на проточен принцип со што се гарантира висока енергетска ефикасност и брз пристап до топла вода. Се гарантира сигурност на испораката, дури и при врвно оптоварување, без оглед на големината на живеалиштето.
Oventrop GmbH & Co. KG
Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com
Претставување Oventrop Бугарија и Република Македонија
Адреса: бул. Др. Г.М. Димитров 62, Софија 1172
Телефон/факс: 00359 2 961 57 10
E-mail: mail@oventrop.bg
Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Oventrop GmbH & Co. KG KG