Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Комплекс во близина на Копенхаген го задржува статусот на архитектонска класика, но со современ комфор со MIXIT од Grundfos

28 october 2024

In Serbian In Bulgarian In Romanian

 

На само 30 минути со автомобил северно од данската престолнина Копенхаген се наоѓа живописниот станбен комплекс Солерод (Søllerød), кој се состои од 19 згради изградени во 50-тите години од минатиот век. Речиси 70 години подоцна, локацијата останува архитектонска класика, но сепак е во состојба да им понуди на своите жители современ комфор. Ова особено се однесува до греењето на зградите – благодарение на решение за контури за мешање MIXIT на Grundfos, наменети да го поедностават пуштањето во работа и балансирањето на инсталациите и на крајот да ја зголемат енергетската ефикасност на зградата. Повеќе за проектот за BalkanEngineer.com раскажаа од компанијата.

 

 

„Еден од проблемите со кои се соочува техничкиот тим во Søllerød Park, е потребата од модернизација на системот за греење, посебно на колото за мешање. Постојните стари контури за мешање се склони кон грешки, што трупа значителни загуби како во однос на трошоците така и на времето, а одземајќи па неколку часа на ден за регулација“, објаснија од Grundfos.

 

Уредниците на Søllerød Park наидоа на решение за нивниот проблем за време на саемот за станбени асоцијации и сопственици на имоти одржан во март 2023 година. На настанот тим на Grundfos им претстави MIXIT - вентилски модул тип „се во едно“, создаден за целосно хидравлично балансирање и управување на системи за греење и климатизација. Сите компоненти се штелуваат и балансираат автоматски според барањата на системот, заштедувајќи до 25% енергија. А со следење на системот за греење, вентилација и климатизација потрошувачката на енергија може дополнително да се намали. Освен тоа MIXIT е погоден за идно проширување на системот бидејќи може да се додадат нови компоненти а исто и функции преку ажурирање на софтверот.

 

Така, од Søllerød Park нарачуваат 19 MIXIT уреди – по еден за секоја зграда, кои се инсталирани во есента 2023 година во рамките од само 14 дена.

 

 

Грундфос Србија - Продаја

Адреса: Омладинских бригада 90 в 11070 Нови Београд, Србија
Телефон: +381 11 225 8740,
E-mail: zahtevi@sales.grundfos.com

Грундфос Србија - Производња

Адреса: Обилазни пут Север 21 22320 Инђија, Србија
Телефон: +381 22 367 300

 

 

 

Извор на фотографии: Grundfos

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »