Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Среќна 40-годишнина на ФАНУК Бугарија! Горди сме што нашето успешно партнерство трае повеќе од четвртина век

14 february 2022

In Bulgarian   In Serbian

 

Повеќе од 25 години тимот на бугарската компанија за машиноградба РАИС е партнер со канцеларијата во Бугарија на јапонскиот технолошки лидер во сферата на роботизацијата FANUC. Дел од специјалистите на РАИС соработуваат со ФАНУК Бугарија од основањето на компанијата пред 40 години под името ФАНУК -Машинекс. „Отсекогаш се потпиравме на нивната брза реакција, поддршка и добар сервис, а многу наши специјалисти добија обука од тимот на ФАНУК Бугарија. Имено на оваа соработка РАИС го должи првиот поттик на својот раст како докажан бугарски производител на машини за сечење метал“, коментира за читателите на BalkanEngineer.com инж. Нишан Баздигјан, основач и управител на фирма РАИС.

 

 

Дејноста на FANUC во нашата земја започнува првично со лиценцирано производство на погони и мотори. Следува локално производство на лиценцирани дигитални програмски контроли, кои користат делови и компоненти испорачани од FANUC Јапонија, а во Бугарија се врши нивното склопување.

 

РАИС е водечка компанија на Балканот и во Европа за производство на CNC машини, алати и опрема со примена во различни сектори на индустријата. Нејзиното портфолио вклучува различни типови CNC машини за глодање и дребонзи, центри со три оски, центри со пет оски, хоризонтални центри за обработка, дребонзи со едно вретено и двојно вретено.

 

 

„Ние градиме околу 80% од нашите машини со контроли од FANUC, а многу од нашите разработувања се заеднички. Ние веќе неколку години исто така сме успешен интегратор на роботите на FANUC и сме среќни што ја развиваме нашата успешна соработка на овој начин. Ако со еден збор треба да го дефинирам чувството кога работиме со тимот на компанијата, тоа ќе биде удобност“, додаде уште инж. Баздигјан.    

 

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

                                                   

 

Извор на фото материјал: РАИС

    

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »