Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Спортска сала во Белгија обезбедува удобни услови за спортистите со интелигентен хибриден систем од Hoval

19 november 2024

Bulgarian

 

Hall Sportif е повеќенаменска спортска сала во La Bruyère, Белгија, која поседува исклучително сигурен систем за греење кој вклучува топлинска пумпа Belaria ® fit и гасен котел за кондензација UltraGas ® 2 на Hoval Ова решение е дел од от хибридните системи на компанијата, кои се комбинација од топлинска пумпа воздух/вода и гасен котел за кондензација кои работат во перфектна хармонија за да создадат најдобра можна внатрешна клима. „Во овој референтен проект, Hoval соработува со својот белгиски партнер EDERGEN за да создаде одржлив, систем за греење, кој ја штеди климата и кој исто така вклучува и производство на топла вода за домаќинство (ТВД). Усовршениот  хибриден систем се грижи за генерирањето на топлина во спортската сала, која се одликува со атрактивен и компактен архитектонски дизајн во форма на три коцки“, соопштија за BalkanEngineer.com од Hoval.

 

 

Вкупната грејна површина на Hall Sportif de la Bruyère изнесува 2.136 метри квадратни, при што топлината се дистрибуира преку воздушни грејачи и радијатори. Освен затоплувањето на спортската сала, се загрева и водата за вкупно 22 тушеви. Проектната температура на системот за дистрибуција на топлина е 60 °C. Како основа за проектирањето на системот е земена минимална надворешна температура од -9 °C, што води до пресметано топлинско оптоварување од 99 kW за спортската и повеќенаменската сала.

 

 

„Топлинската пумпа за воздух/вода Belaria® fit и гасниот котел за кондензација UltraGas® 2 формираат ефикасен систем за греење и снабдување со топла вода. Потребната моќност за загревање на спортската сала се менува во зависност од сезонските температурни флуктуации – топло во летото и студено во зимата. Предностите на овој ефикасен систем се што ако Belaria® fit повеќе не е во состојба да ја покрие потребната топлинска моќност при ниските зимски температури, UltraGas® 2 се вклучува за да ја обезбеди потребната температура во просториите“, раскажаа од Hoval.

 

Интелигентниот систем за греење во спортската сала е класичен хибриден систем - со два топлински генератори. Кон топлинската пумпа е монтиран модулациски гасен котел за кондензација UltraGas 2 (125), кој работи на гас пропан.

 


 

Hoval Претставништво во Република Северна Македонија

Лице за контакт: 
Димитар Петрушевски
Телефон: +389 78 248 766
Е-пошта: 
hoval.mk@hoval.com


Hoval ДООЕЛ Бугарија

Адреса:
 Софија 1407, ул. Борис Руменов бр. 9, зграда 6, канцеларија 3

Телефон: +359 700 20 755
Е-пошта: office.bg@hoval.com 

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографии: Hoval (Ховал)

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »