Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Со репликација на микроконтролерот NXP P80C592, Rochester му помага на thyssenkrupp да избегне скап редизајн на системите

07 march 2024

In Bulgarian

 

thyssenkrupp Elevator (TK Elevator) ја обединува активноста поврзана со разработката и производството на глобалните патнички транспортни системи на групацијата thyssenkrupp. За само 40 години, применувајќи ги уникатните технолошки можности на thyssenkrupp, компанијата извојува позиција на светски лидер во областа на системите за подигнување и решенијата за лифтови. Кога стана јасно дека микроконтролерите P80C592 на NXP излегуваат од употреба, Rochester Electronics стана клучен сојузник на thyssenkrupp во решавањето на проблемот.

 

 

„Повеќе од 1.000 локации ширум светот ја градат широката дистрибутивна и сервисна мрежа на компанијата за да гарантираат нејзината близина до своите клиенти. thyssenkrupp е разновидна диверсифицирана индустриска групација со растечки удел на претпријатија за капитални стоки и услуги и силни пазарни позиции во прометот на материјали“, раскажаа за Инженер.bg од Rochester, светски потврден дистрибутер и еден од најголемите производители на полупроводнички решенија во светот.

 

P80C592 е со еден чип 8-битен 8051 микроконтролер со вграден CAN контролер што се користи во различни производи на thyssenkrupp. Со оригиналниот дизајн и тест податоци префрлени од NXP, Rochester Electronics, во својата улога на овластен партнер на холандскиот производител, успешно го реплицираше моделот. „Така, водечката компанија во решенијата за подигнување го продолжува своето успешно производство без потреба од модифицирање на софтверот или хардверот, а на овој начин се избегнуваат скапите редизајни и контролните процедури што треба да се сертифицираат“, прецизираа од Rochester.

 

Клучни карактеристики на микроконтролерот P80C592:

 

  • 80C51 централен процесор (CPU);

  • 10-битен ADC конвертор со 8 мултиплекс аналогни влезови;

  • CAN-контролер (Controller Area Network) со DMA можност за пренос на податоци во внатрешна RAM меморија;

  • Целосен дуплекс UART модул компатибилен со стандардот 80C51.

 

По соопштението на NXP за излегувањето од употреба на микроконтролерот P80C592, TK Elevator го ангажираше Rochester Electronics да направи целосна реплика на оваа компонента. Со заеднички напори, Rochester и thyssenkrupp успеаја да изработат точна копија на микроконтролерот, да го тестираат и да ги исполнат барањата за лиценцирање за помалку од една година од почетокот на проектот до масовното производство.

 

 

„Соработката со Rochester помина непречено и без проблеми за време на целиот проект, а нивната професионалност и отворената комуникација придонесоа исклучиво многу за конечниот успех на процесите за реплицирањето на производите. Благодарение на ова, сега имаме можност да продолжиме да ги послужуваме нашите клиенти без да има потреба да се префрлуваме на скапи операции за редизајн кои одземаат многу време“, додадоа уште од thyssenkrupp.

 

Телефон: +48 22 307 66 11

Е-пошта: plsales@rocelec.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографии: Rochester Electronics, thyssenkrupp

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »