Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Со новото IoT решение EcoStruxure™ Energy Hub, Schneider Electric ја стимулира енергетската оптимизација во зградите

03 july 2024

In Bulgarian In Albanian

 

Иновативното облак решение за поголема енергетска ефикасност и одржливост во зградите и објектите, EcoStruxure™ Energy Hub на Schneider Electric, веќе е достапно и кај нас. Сигурен, интуитивен и лесен за користење, интелигентниот IoT систем на меѓународно признатиот лидер во дигиталната трансформација на енергетското управувањето и автоматизацијата го поедноставува управувањето со инсталациите во зградите, обезбедувајќи целосна визуелизација на енергетската потрошувачка на објектот.

 

 

„Зградите генерираат околу 40% од глобалните емисии на CO2, поради што од клучно значење за менаџерите на објектите е да можат да ја следат потрошувачката на енергија и емисиите во реално време. Сепак, поголемиот дел од електричните средства во зградите не се дигитално поврзани, што ја ограничува видливоста на потрошувачката на енергија и усогласеноста со регулативите. Ова, како и недостатокот на квалификуван кадар, им предизвикува големи отежнувања на организациите при составувањето на план и преземањето на соодветни активности за постигнување на целите за нула јаглероден отпечаток“, коментираа за BalkanEngineer.com од Schneider Electric.

 

Обезбедувајќи јасна слика не само за потрошувачката на енергија, трошоците и продуктивноста, туку и за суштинските препораки за заштеда на енергија, EcoStruxure™ Energy Hub категорично го решава овој проблем, во сеопфатен интуитивно проектиран пакет кој е лесен за инсталација, конфигурација и користење. „Софтверот во Облак ја прави анализата и управувањето со енергијата исто толку лесни и безбедни како и управувањето со личните финансии преку мобилна апликација за паметни телефони“, категорични се од компанијата.

 

 

„EcoStruxure™ Energy Hub го поедноставува енергетското управување овозможувајќи им на менаџерите на објекти автоматски да собираат, складираат, визуелизираат и известуваат податоци за енергијата – без разлика дали управуваат со една зграда, кампус или збир на згради“, коментира Софи Борн, виш потпретседател на одделот. „Дигитално управување со енергијата“ во Schneider Electric, додавајќи: „ IoT софтверот им овозможува на клиентите да го променат начинот на кој ја перципираат и контролираат енергијата - нешто што е поважно од кога било со оглед на сегашната енергетска ситуација во која се наоѓаме и претстојните забрзани климатски промени“.

 

EcoStruxure™ Energy Hub – визија за одржливост за инфраструктура на згради од иднината

 

Проектирано во синхронизација со визијата на Schneider Electric за висока енергетска ефикасност и одржливост на зградите од иднината, IoT решението EcoStruxure™ Energy Hub вклучува три фази на развој на управување со енергијата во зградите, вклучително:

 

 - Усогласеност со енергетските стандарди и информираност;

 - Енергетска работа;

 - Енергетска оптимизација.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: +359 2 932 9320

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографииSchneider Electric

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »