Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Со 100% оригинални компоненти, Rochester го „спасува“ производството на борд системи на телекомуникациска компанија

14 april 2024

In Bulgarian

 

Техничките склопови и компоненти наменети за работа во сектори како што се воената индустрија, космонаутиката и индустриското производство обично имаат подолг животен циклус во споредба со нивните еквивалентни решенија што се користат во други области. Тоа е затоа што производителите на овие производи се стремат да ги разработат доволно силни, издржливи и сигурни производи за да можат да издржат дури и во најтешките работни услови и критични намени.

 

 

„Но, развојот на технологијата напредува со толку брзо темпо што секој ден клучните системски компоненти морално остаруваат. Кога производител на оригинални компоненти (OCM) ќе прогласи „крај на животот“ (EOL) на критично важен полупроводник, одеднаш се јавува проблем со ограничената испорака на оригиналниот уред“, коментираа за BalkanEngineer.com од Rochester Electronics, глобален дистрибутер и еден од најголемите производителите на полупроводници во светот.

 

За ОЕМ на воена опрема, авио - космичките решенија и индустриски производи, исклучително е важно да имаат гаранција дека ќе можат да бидат снабдени со критично важните компоненти за нивното производство, за да можат да го продолжат животниот циклус на производите што ги произведуваат. Така, производител на оригинална опрема во телекомуникациската гранка се соочува токму со такво сценарио кога еден од најкористените уреди во неговото производство ќе излезе од употреба.

 

FPGA е теренска програмабилна логичка матрица - витална компонента во разработката на борд радио системи и апликации за хеликоптери. Кога телекомуникациската компанија ќе сфати дека оваа компонента излегува од производство и нема достапен резервен дел, таа не сака да го преземе ризикот да се замени со супстандарден или неоригинален уред од неовластен извор и на тој начин потенцијално да јасе загрози безбедноста на разработуваните системи.

 

 

„Ова му остава на производителот малку опции за наоѓање на висококвалитетен оригинален резервен дел“, објаснија од Rochester Electronics. „Сепак, за среќа, ние ги имавме овие уреди на залиха подготвени за испорака“, додадоа тие.

Rochester, кој е еден од најголемите и најсигурни добавувачи во светот на EOL полупроводници, соработува со производителите на OCM при купувањето производи што излегуваат од употреба. Ова му овозможува на Rochester повторно да произведува EOL делови и да реплицира EOL уреди - сето тоа со целосна дозвола на OCM производителите. „Можноста веднаш да се замени FPGA матрицата му овозможи на производителот на телекомуникациска опрема да продолжи со проектирањето и производството на своите борд радио системи“, објаснија од Rochester.

 

Телефон: +48 22 307 66 11

Е-пошта: plsales@rocelec.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографииRochester Electronics

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »