Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Сите високоефикасни разменувачи на топлина од марката Tesy ја вклучуваат патентираната технологија турбулатор

29 april 2020

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

Дали знаете која е функцијата на разменувачите на топлина во бојлерот? И што е турбулатор? За да ги разјасниме овие прашања ги контактиравме специјалистите на Теси. Бугарскиот производител на електрични бојлери и уреди за греење е меѓу водечките во Европа, при што производствениот капацитет на компанијата е 1,5 милиони уреди годишно. Производите со марката Tesy се продаваат во повеќе од 54 земји низ целиот свет, при што прометот на компанијата во 2019 година надминува 72 милиони евра. Еве што објаснија експертите од Теси пред BalkanEngineer.com.

Разменувачите на топлина вградени во бојлерот се калеми кои го оптимизираат процесот на загревање на водата. Во нив циркулира течност, која главно е составена од вода и антифриз. „Покрај тоа, можеме да укажеме и на функцијата на разменувачот на топлина за да се овозможи поврзување или интеграција на бојлерот во инсталацијата за греење, со што се зголемува неговата флексибилност и техничките можности“, објаснија од Теси.

Производните гами BiLight и ModEco, како и некои други електрични бојлери, означени со марката Tesy, вклучуваат еден или два разменувачи на топлина, што ја зголемува брзината на загревање на водата до 50%. И двата модели имаат варијации за вертикално и хоризонтално монтирање, како и Slim дизајн. Сепак, електрични бојлери од серијата BiLight Vertical се достапни со два интегрирани калеми.

„Благодарение на специфичните перки сместени во внатрешноста на калемот, се активира ламинарниот проток на вода што циркулира низ него, го забрзува неговото поминување и на тој начин се зголемува топлината што се пренесува на водата“, посочија од Теси.

„Турбулаторот е вклучен како елемент во сите високоефикасни разменувачи на топлина на марката Tesy“, истакнаа уште од бугарската компанија.

Теси обезбедува многу можности за професионален развој. Видете ги тековните слободни работни места во микросајтот на компанијата во Борса.bg! 

Извор на фото материјал: Теси

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »