Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Решенија за вентилација и греење на Hoval обезбедуваат удобност и енергетска ефикасност во логистички центар во Хрватска

29 april 2024

In Bulgarian

 

Една од најголемите логистички компании во Хрватска испорачува повеќе од милион пратки секој ден со вкупна тежина од над 20 тони. За да продолжи да биде се така економски успешна, организацијата го трансформираше својот бизнис според најновите технички стандарди, при што ја прави најголемата финансиска инвестиција во својата историја, во износ од 46 милиони евра. „Во својот стремеж да ги извршува своите активности сè поуспешно, компанијата гради нов логистички центар во градот Велика Горица во близина на главниот град Загреб, а една од стратешките цели на проектот – постигнувањето на висока енергетска ефикасност - е исполнето од хрватската канцеларија на Hoval, со помош на проектантската компанија APZ, нудејќи комплетно решение за греење, ладење и вентилација“, информираа за BalkanEngineer.com од Hoval.

 

 

Комплексот е изграден на вкупна површина од 70.200 квадратни метри. Неговата местоположба во Велика Горица е избрана стратешки, бидејќи автопати, железнички пруги и аеродромот во Загреб, најголемиот во земјата, се во непосредна близина. „Во првата фаза од проектот, е изграден вистинскиот логистички центар со магацин со високи сталажи, центар за податоци, електрична трафостаница и центар за греење. Центарот располага со повеќе од 500 паркинг места за возниот парк на фирмата и автомобилите на вработените, како и 16.000 квадратни метри зелени површини. Втората фаза е фокусирана на изградбата на главната канцелариска зграда. Новиот логистички центар е дел од севкупната стратегија за развој на компанијата, која се ангажира на подобрување на процесите, воведување на иновации и не на последно место - со проширување на логистичкиот капацитет за создавање на нови пазари“, раскажаа од канцеларијата на Hoval кај нас.

 

Hoval Хрватска и проектантската компанија APZ го подготвуваат инженеринг проектот со избирање на оптимална комбинација на покривни апарати со различни моќности и спецификации, кои заедно ја постигнуваат најдобрата можна енергетска ефикасност на целокупниот систем за греење, ладење и вентилација. „Вкупно 14 уреди за вентилација со рекуперација RoofVent® и 15 уреди за рециркулација на воздух TopVent® се истовремено автономни и поврзани со заеднички систем за контрола TopTronic®. Тие се поделени во шест различни зони на логистичкиот центар и поврзани со системот за управување со згради (BMS) преку протоколот BACnet. Системот за греење се управува целосно преку софтверот TopTronic®. Тој ја добива временската прогноза од Интернет и на соодветен начин ги координира операциите. Ова значително ја намалува потрошувачката на енергија, а поединечните компоненти работат енергетски ефикасно и се прецизно координирани меѓу себе“, објаснија специјалистите.

 

 

Со својата серија на децентрализирани покривни агрегати RoofVent® и TopVent®, Hoval нуди ефикасни и иновативни решенија за економично греење и вентилација на магацини и дистрибутивни центри.

 

Адреса: Софија 1407, ул. Борис Руменов бр. 9, зграда 6, канцеларија 3
Телефон: +359 700 20 755  
Е-пошта: office.bg@hoval.com 

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографии: Hoval (Ховал)

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »