In Bulgarian In Romanian In Serbian
Бугарската компанија за машиноградба РАИС ги проектира своите машини со помош на SolidWorks, благодарение на своите партнери од ДиТра. Главните алатки што ги користи компанијата вклучуваат основно 3D цртање, SheetMetal и Simulation, со кои се проверува дали дадените детали ќе го издржат потребниот напор. „Софтверските производи обезбедени од ДиТра ги применуваме во проектирањето на машините од самиот почеток на нивниот конструктивен развој. Ние работиме на задачата на клиентот, при што ги проектираме и ги цртаме машините, потоа ги проверуваме и испитуваме дали тие ќе бидат доволно отпорни на вибрации, притисок, напор итн. и конечно изработуваме 2D цртежи за механичка изработка на деталите“, коментираа за BalkanEngineer.com од РАИС.
Една од главните предности на работењето со SolidWorks е тоа што софтверот се изучува во училиштата, што пак го намалува времето за обука на специјалист за околу 5, 6 месеци. Така, неговата обука може да продолжи од повисоко ниво со специфични активности за конструирање на машините, дизајнот и фазите на нивното производство.
„Многу корисни за нашата дејност се специфичните пакети SheetMetal и Simulation што ги опфаќа SolidWorks. Ние работиме со лимен материјал, кој е еден од најтешките за обработка, бидејќи при заварување или свиткување секогаш постои ризик од појава на проблеми. За среќа, програмата го овозможува сето ова да се провери однапред и да биде јасно што може да очекуваме. Другиот плус е програмата за симулација, која дава резултат што е 98% поблиску до реалноста“, објаснија од РАИС.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: РАИС