Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Преку модерна опрема, Rochester го продолжува животниот век на EOL уредите за критични медицински намени

02 november 2024

In Bulgarian

 

Целосно ориентирани кон потрошувачите, разработуваните од OCM (забелешка на уредникот: производители на оригинална опрема) нови уреди обично имаат пократок животен циклус од редот на 2-5 години. Ова создава претпоставка за појава на големи тешкотии за крајните корисници кои користат полупроводници за различни индустриски намени или за оние на кои им се потребно подолги рокови за пуштање на производите на пазарот.

 

 

„На пример, американски производител на медицински уреди разработуваше примена која го користи чипот ams OSRAM TSL1401CCS, кој се состои од линеарна низа на фотодиоди. Сепак, медицинските производи бараат експресно одобрение од Американската агенција за храна и лекови (FDA), процес кој може да одземе долго време. За жал, до моментот кога производителот доби целосно одобрение за производот, компанијата беше известена од OCM дека полупроводничкиот уред TSL1401CCS повеќе не е во употреба“, информираа за BalkanEngineer.com на полупроводнички решенија во светот.

 

За целосниот редизајн и нова разработка производот ќе бидат потребни дополнителни години работа, усилби и значителни трошоци, во комбинација со долг процес на ресертификација од FDA. Како овластен производител на полупроводници со седиште во САД, Rochester има изработено повеќе од 20.000 типови уреди и има обезбедено континуитет на испорака за бројни клиенти ширум светот.

 

 

Во соработка со нашиот партнер ams OSRAM, Rochester ја презеде одговорноста за тестирање на производот, сертификацијата и испораката на TSL1401CCS. Инженерите на компанијата го префрлуваат процесот кон индустрискиот стандардизиран систем за тестирање ETS-88 ATE. Благодарение на ова, компанијата сега може да одржува континуирано темпо на производство од приближно 1 милион единици месечно. Така, партнерството со Rochester не само што заштедува значителни трошоци и време за редизајн на производителот на медицински уреди, туку и обезбедува долгорочна достапност на решението.

 

Телефон: +48 22 307 66 11

Е-пошта: plsales@rocelec.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографии: Rochester Electronics, ams OSRAM

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »