Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Прашкасто бојадисување на метални детали - меѓу услугите што ги нуди Мега Инжинеринг

17 september 2018

In Bulgarian

 

Мега Инженеринг ДОО е докажана инженерска компанија чија главна активност е фокусирана на проектирање и имплементација на системи и средства за автоматизација на технолошки процеси. Заедно со тоа, фирмата, исто така, врши високо-технолошко прашкасто бојадисување на метални детали. „Прашкастото бојадисување создава висококвалитетен слој што е отпорен на корозија. Бојадисувањето е во повеќе фази и се одвива на подвижна лента со цел да се постигне подобар резултат“, информираа за BalkanEngineer.com од Мега Инженеринг.

 

 

„Димензиите на бојадисуваните детали можат да варираат во широк спектар, при што достигнуваат максимални должина 4.000 mm, ширина 1200 mm и висина 1600 mm“, прецизираа од Мега Инженеринг.

 

Мега Инженеринг применува електростатичко прашкасто бојадисување, кое се изведува со електростатски пиштол. „Меѓу пиштолот и заземениот детаљ, кој ќе биде бојадисуван, се создава електростатичко поле, при што наполнетите со негативен полнеж честички за боење се втурнуваат кон детаљот, следејќи ги линиите на полето“, раскажаа од компанијата.

 

 

„Со прашкастото бојадисување се постигнува висок квалитет на металните производи, се подобрува нивната отпорност на корозија и се постигнува добар комерцијален изглед“, коментираа од Мега Инженеринг. „За да можеме да им понудиме на нашите клиенти производ со високи технички показатели, со атрактивна за нив цена, за нанесувањето на полимерни прашкасти премази користиме иновативни производи и технологии“, додадоа од фирмата.

 

Благодарение на модерната линија за бојадисување, Мега Инженеринг може да им понуди на своите клиенти бојадисување на различни детали, вклучувајќи и такви со сложена структура, постигнувајќи сигурна заштита од корозија и целосно покривање на детаљот, како и рамномерност, убавина и цврстина на покритието.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, град Хасково 6300, ул. „Јужна“ бр. 18, Јужна индустриска зона /во непосредна близина на Донидо/

Телефон: 00359 38/664 458; 00359 38/664 461; 00359 887 046 425

E-mail: secretar@megaeng.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Мега Инженеринг ДОО

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »