Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Петар Дивитаков од Шнайдер Електрик: Човечкиот ресурс стануваат сè поценет поради активната побарувачка за автоматизација

01 november 2024

In Albanian In Bulgarian

 

Schneider Electric, глобален лидер во управувањето со енергијата и автоматизацијата, игра клучна улога во дигитализацијата на индустриите ширум светот. Компанијата создава иновативни решенија кои им помагаат на претпријатијата да ги оптимизираат нивните производствени процеси, да ја зголемат нивната ефикасност и да го намалат еколошкиот отпечаток. Еден од главните „двигатели“ на оваа трансформација во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) е инж. Петар Дивитаков - докажан експерт со над 20 години искуство во енергетскиот сектор и индустриските проекти на Шнајдер Електрик Бугарија.

 

 

Петар Дивитаков, кој имаше клучни позиции во компанијата како менаџер „Бизнис развој“, менаџер „Клучни клиенти“и маркетинг директор за Бугарија, Албанија, Косово и Северна Македонија, го презема раководството на процесите во Југоисточна Европа (ЈИЕ) со јасната цел да ја забрза интеграцијата на Индустрија 4.0 во регионот. „Schneider Electric се стреми да ги постави темелите за поефикасна, одржлива и дигитализирана индустрија во која компаниите ќе можат да ги оптимизираат своите ресурси и да се прилагодат кон новите технолошки предизвици. Дигитализацијата не е само неповратен процес, туку и клучен фактор за успехот на модерните индустриски претпријатија“, категоричен е г-дин Дивитаков.

 

Како потпретседател на „Индустриски бизнис“ за Југоисточна Европа, инженер Дивитаков продолжува да ја води компанијата во насока на имплементацијата на иновации и авангардни решенија кои го менуваат ликот на современата индустрија.

 

 

Во ерата на Индустрија 4.0 и сè попристапните IoT технологии, земјите од ЈИЕ имаат свои достигнувања, но и значителен нереализиран потенцијал. Според зборовите на Дивитаков, најголемите меѓународни компании се водечки во процесот на дигитализација, додека локалните претпријатија заостануваат, најмногу поради немањето на разбирање и организациска подготвеност. Сепак, според неговите зборови, инвестициите во овие технологии не се непосилни. „Претпријатијата се плашат од дополнителни вложувања, но главен предизвик е адаптацијата на процесите, која може да биде забрзана со правилен пристап и експертско искуство“, посочува тој.

 

Извор на фотографии: Шнајдер Електрик Бугарија

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »