Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Оптимизирајте ги постоечките системи за греење преку сигурно и автоматско хидраулично балансирање

08 september 2022

In Bulgarian

 

На секој постоечки систем за греење му е потребна оптимизација во однос на волуменски проток, ефикасност и потрошувачка на енергија. Затоа еден од лидерите во разработката и производството на регулаторни решенија за индустријата за греење, вентилација и климатизација - Oventrop, го создаде своето пионерско решение Q-Tech. „Со термостатските вентили Q-Tech од серија AQH, можете да извршите автоматско хидраулично балансирање на вашиот систем директно од радијаторот“, посочија од Oventrop. Видете поединости.

 

 

Модернизацијата и обновувањето на постоечките системи за греење веќе е лесно и достапно, благодарение на вентилите Q-Tech, бидејќи нема потреба да се пресметуваат однапред поставените вредности. На овој начин, Oventrop обезбедува сигурно решение дури и ако постоечките цевководи се непознати.

 

„Преку автоматско хидраулично балансирање, го одржувате волуменскиот проток во системот константен, дури и кога диференцијалниот притисок варира. Ова заштедува енергија, одржува оптимална температура во просторијата и ја елиминира бучавата од протокот. Со Q-Tech, лесно можете да ги вратите системите за греење во рамнотежа“, објаснија од  Овентроп.

 

Предности на вентилите Q-Tech:

 

- Одржуваат оптимални внатрешни температури: без прегреани или недоволно оладени простории;

- Ја подобруваат ефикасноста на системот и ја оптимизираат калоричноста;

- Се избегнува бучава од проток;

- Заштедуваат енергија;

- Лесно и исклучително флексибилно се штелуваат само со клуч за прилагодување;

- Поставката може да се чита однадвор;

- Поддржуваат широк опсег на брзина на проток: 10-170 l/h (35-420 l/h);

- Поддржуваат широк опсег на регулирање на диференцијалниот притисок: до 1,5 бари;

- Автоматски ја контролираат поставената вредност;

- Контрола на протокот независно од диференцијалниот притисок.

 

„Освен тоа, со новите термостатски вентили AQH, кои имаат уште поширок опсег на протокот, веќе е можно да се изврши автоматско хидраулично балансирање во системи за ладење. Вентилите Q-Tech го наоѓаат своето место во многу други компоненти од семејството на производи Oventrop, што значи дека оваа технологија може да се користи и во системи за подно греење“, додадоа од компанијата.

 

Можете да видите повеќе за работата на вентилите Q-Tech во видеото подолу.

 

 

Претставување Oventrop Бугарија и Република Северна Македонија

г-н Пламен Латев
Телефон: +359 888 258252

 

Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00 389 42215594
Мобилен: 00 389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Oventrop (Овентроп), freepik.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »