In Bulgarian
BITE5 е најновиот модел во палетата на производи за тестирање на батерии за полнење BITE на Megger. „Уредот BITE5 е наменет за тестирање на оловно-киселински батерии, Ni-Cd батерии, како и литиум-јонски батерии. Може да го мери и запишува полнењето, импедансата и температурата на батеријата. Запишаните податоци се прегледуваат и префрлуваат на екранот на допир на уредот со можност за пренос на снимените податоци преку USB или SD-картичка кон софтверот Power DB, по што може да се креираат персонализирани извештаи и да се врши автоматска анализа“, информираа од Мегер Бугарија.
Со BITE5, корисниците имаат можност да ги прегледуваат промените на податоците за секој тест или за секоја ќелија. Уредот овозможува поставување на дозволени граници, предупредувачки сигнали за достигнување и сигнали за дефект при одредени вредности на напон и импеданса. Тој го снима пулсирачкиот напон, пулсирачката струја и струјата за полнење, а снимените податоци се пренесуваат преку USB или SD-картичка кон софтверот Power DB. Врз основа на овие податоци, се креираат персонализирани извештаи и автоматски анализи.
„BITE5 може да мери импеданса на ќелиите до 200 VDC. Потрошувачите имаат можност да заштедат време со мерење на цели групи од соларни ќелии наместо поединечни ќелии, како и да тестираат литиум-јонски батерии, објаснија од компанијата.
BITE5 поддржува исто така и тестирање за празнење на батеријата. Ги мери напонот и струјата во текот на целиот циклус на празнење. Уредот исто така може да ја мери импедансата и температурата во текот на циклусот на празнење, како и да ги сними напонот, еднонасочната струја, импедансата и температурата на секоја ќелија за време на целиот тест за празнење на батериите.
Технички специфики на новиот тестер BITE5на Megger:
- Мери импеданса на ќелии до 200 V;
- Поддржува тестирање за празнење на батеријата;
- Поддржува мерење на оловно-киселински, Ni-Cd и литиум-јонски батерии;
- Мери DC напон до 1000 V;
- Мери АС напон до 600 V;
- Екран на допир за поставување и следење на промената на податоците;
- USB и micro SD картичка;
- Мери наизменична и еднонасочна струја.
Адреса: Бугарија, Софија 1505, бул. „Ситнаково“ 35
Телефон: +359/943 48 03; +359 2/846 82 94; +359 887 783 514
Е-mail: alexander.georgiev@megger.com; megger.bg@megger.com; info.bg@megger
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger