Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Нов енергетски концепт е вграден во проектот за мрежа за пренос на топлина во базата на Wilo Group во град Хоф, Германија

28 september 2023

In Bulgarian

 

„Идејата за енергетска одржливост и значително намалување на емисиите на јаглерод е во основата на изградбата на локалната мрежа за пренос на топлина во базата на Wilo Group во град Хоф, Германија. Концернот категорично ги изјави своите стратешки цели и е доследен во своите намери за постигнување на јаглеродна неутралност на сите негови објекти низ светот до 2025 година“, коментираа за BalkanEngineer од Wilo Претставништво Скопје - локалното претставништво на мултинационалниот производител на одржливи решенија во областа на пумпните решенија за греење, климатизација, водоснабдување, отпадни и одводни инсталации, со широка примена во домот, индустријата и земјоделството.

 

 

Мрежата за пренос на топлина во фабриката на концернот во град Хоф е планирана да биде напојувана од инсталација за биогас и систем за греење на дрвен чипс од фармите во близина на фабриката. „Оваа соработка овозможува базата на компанијата Wilo да се напојува со топлина генерирана од биомаса, што ќе резултира со дополнително намалување на емисиите на јаглерод од 1.250 тони годишно“, посочија од компанијата.

 

Почетокот на изградбата се совпаѓа со 20-годишнината од вклучувањето на фабриката во групацијата на Wilo и е сведоштво за посветеноста на концернот на еколошките параметри на животната средина во која има активности.

 

Соработката со локалните бизниси ја овозможува реализацијата на идејата, бидејќи напојувањето преку инсталација за биогас на фарма лоцирана во југозападната област на фабриката се заснова на искористување на отпадните биолошки производи, како и на околу 300 тони остатоци од дрво годишно од производството на фабриката.

 

 

„Проектот е дел од целокупната визија на Wilo Group во насока на одржливост, бидејќи само минатата година компанијата направи сериозна инвестиција во фотоволтаични системи на производствената постројки во град Хоф и значително го зголеми уделот на сопствено електрично снабдување во енергетскиот микс на претпријатието“, додадоа уште од Wilo Претставништво Скопје.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: +359 2 312 2058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: +389 070 20 5297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

Извор на фотографииВило Бугарија, Wilo

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »