Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Напредни дигитални технологии и иновации во 3D печатење - фокус во развојот на B2N

26 october 2020

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Тимот на BalkanEngineer.com имаше задоволство да биде дел од отворениот ден „B2N Your 3D Partner“, што се одржа во канцеларијата на еден од пионерите во 3D технологијата, компанијата B2N. Денес ќе Ве потопиме во длабочините на 3D технологијата и ќе Ви дадеме повеќе информации за B2N - префериран дистрибутер на 3D опрема на Балканот. „Ние ја развиваме нашата активност во три области - продажба и испорака на машини за 3D печатење, анализа и консултации, но не на последно место - ние сме хаб за дигитално производство“, споделија од компанијата. И што беше фокусот на настанот, ќе дознаете во следните редови.

 

 

Компанијата B2N има огромно портфолио - од десктоп 3D принтери до индустриски системи за производство. Исто така, компанијата се развива како хаб за дигитално производство и го има капацитетот да произведе како само дел од некој производ, така и пилот серија од разни компоненти и цели производи.

 

 

Фокусот на настанот беше ставен на новиот модел на 3D печатач со широк формат од Formlabs - Form 3L, кој има подобрена технологија и пет пати поголем работен волумен, брзина и точност. Технологијата што ја користи машината е LFS (Low Force Stereolithography). Таа го подобрува методот SLA (Stereolithography). „Иновативно за новиот модел е тоа што резервоарот во кој се истура материјалот има мека основа. Ова го подобрува квалитетот на печатење. Исто така, ласерот има линеарен проток и нема расејување, што придонесува за зголемување на квалитетот и брзината на работа“, коментираа од B2N.

 

Главна канцеларија

Адреса: Софија 1700, бул. „Д-р Г.М. Димитров“ 95

Телефон: 0886 008 008

Е-пошта: info@b2n.bg

 

Канцеларија во Пловдив

Адреса: Пловдив 4010, бул. „Асеновградско шосе“ бр.11

Телефон: 0896 950 930

Е-пошта: plovdiv3d@b2n.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: B2N

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »