Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Мега Инженеринг разработи специјализиран софтвер за контрола и управување на процесите во мелници

15 august 2019

In Bulgarian

 

Мега Инженеринг ДОО е компанија чија активност е насочена во областа на индустриската и производствената автоматизација со широк спектар на производствени процеси. „Следењето, контролата, собирањето и анализата на податоците за работата на сите важни машински компоненти и процеси се од се поголемо значење за индустријата денес“, коментира пред BaklanEngineer.com од докажаната бугарска инженеринг компанија. А денес ви го презентираме софтверот Codesys HMI специјално решение на Мега Инженеринг за спецификите на мелници.

 

 

При следењето на правилното функционирање на мелници, од исклучително големо значење е интерфејсот „човек-машина“. Во овој случај, тој дава можност за локално собирање на податоци за работата на моторите со визуелизирање на состојбата на опремата и појавата на дефекти.

 

Софтверот Codesys HMI ја опфаќа скалата на инсталираната опрема и апаратура во панорамски сцени со анимации. На овој начин, тој ги визуелизира технолошките процеси на операторски панели, персонални компјутери или компјутери со екран на допир. Апликацијата има можност да ја пресмета во процентен сооднос ефикасноста на производствени процеси, користејќи ги информациите за примените суровини во мелницата и излезниот производ (добиен производ). Таа се користи во управувањето со сончоглед оброк и гранули како додатоци кон добиточната храна.

 

 

Компонентите што можат да се автоматизираат и визуелизираат преку софтверот Codesys HMI се: кршач, пневматски валци и сита, машина за сортирање на производите според квалитетот, вентилатори за пневматски транспорт и аспирација, транспортни машини, полжави, лифтови и пумпи за дување. Комуникацијата во топологијата се остварува преку Modbus TCP и CANOpen.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, град Хасково 6300, ул. „Јужна“ бр. 18, Јужна индустриска зона /во непосредна близина на Донидо/

Телефон: 00359 38/664 458; 00359 38/664 461; 00359 887 046 425

E-mail: secretar@megaeng.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Мега Инженеринг ДОО

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »