Колаборативниот робот Elfin E5 е средниот модел од серијата роботи Elfin на Han`s Robot. Тој ја поседува целосната функционалност на традиционалните индустриски роботи, но во споредба со нив е значително побезбеден. „Моделот има опсег на раката од 800 мм, може да носи корисен товар до 5 кг и да застане веднаш при контакт, што гарантира целосна безбедност за операторите, производството и опремата за производство. Роботот зафаќа мал простор и е во состојба да функционира заедно не само со луѓе, туку и со други роботи на технолошката линија“, информираат за BalkanEngineer.com од бугарската компанија Индустриски роботи ДООЕЛ, која е ексклузивен претставник на Han`s Robot за Бугарија и Македонија.
Флексибилно поставување
Роботите можат да бидат инсталирани под било кој агол и да зафаќаат минимален простор на производствената линија. Нивното преместувањето не бара многу време, што ги прави особено погодни за производство на мали серии со кратки циклуси на производство. Уредот е оптимално решение за автоматизирано штелување на линијата.
Лесен за ракување
Роботите Elfin E5 лесно се обучуваат со придвижување на крајот на работната рака до саканата позиција или по потребната траекторија, што во голема мера го намалува времето за програмирање. Потребни се максимум 10 минути за да се создаде програма за манипулирање со детали.
Компатибилни модули
Моторните модули на роботот се целосно компатибилни, при што еден погон контролира два вртливи зглоба. Моторите со висок вртежен момент обезбедуваат висока продуктивност и стабилност.
Брза и стабилна врска преку EtherCAT
Комуникацијата на контролерот и роботот се остварува преку индустриски протокол EtherCAT кој гарантира сигурно управување и заштита од мешање.
ROS поддршка
Со платформата ROS, калибрирањето на роботите е значително подобрено и нема потреба да се смета на контролниот панел за да се контролира роботот.
Адреса: Бугариjа, Софија 1362, ул. „Трајан Танев“ 97
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Индустриски роботи ДООЕЛ, Han`s Robot