Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Колаборативни и мобилни роботи, вештачка интелигенција и работни ќелии за разновидност на примени ги очекуваат гостите на FANUC

09 june 2023

In Albanian  In Bulgarian

 

Роботите се користат во многу индустрии и примени, од производство на возила и прехранбена индустрија до уметнички занаети. За време на овогодинешниот саем Automatica 2023, кој ќе се одржи од 27 до 30 јуни во Минхен, FANUC ќе прикаже разновидни иновативни решенија, технички достигнувања и практични примени. „Решенијата на водечката јапонска компанија во областа на роботиката, кои ќе можат да се видат во хала Б6, штанд 231, се ориентирани како кон високо автоматизираните индустриски сектори, така и кон нови групи на клиенти. Заедно со се друго, компанијата има за цел да му се спротивстави на недостигот на квалификувани работници преку обезбедување на своите клиенти на едноставни и интуитивни софтверски решенија“.

 

 

Како почетниците, така и искусните програмери веќе можат да ги искористат предностите на сите модели на роботи FANUC користејќи го за програмирање традиционалниот iPendant или таблет. „Ние им даваме на операторите можност интуитивно да се ориентираат во софтверската околина на роботите без да поставуваат ограничувања за програмерите“, коментира г-дин Ралф Фолингер, генерален манаџер на Одделот „Роботи“ во FANUC Europe.

 

За време на Automatica ќе се демонстрира и робот M-710iD во примена во логистиката, што е само една од многуте можности на овој мултифункционален робот.

 

Друга важна иновација што ќе се демонстрира на саемот ќе биде опционалниот iPC (индустриски компјутер), кој обезбедува висока моќ на пресметување за обработка на операции со големи волумени на податоци со кратко време на циклусот. Тој е специјално развиен за апликативниот софтвер со вештачка интелигенција на FANUC - како земање на делови од контејнери, автоматско поставување траектории и друго.

 

 

Вештачката интелигенција во акција – на саемските површини на FANUC

 

Системските интегратори и партнери на FANUC на штандот на компанијата ќе покажат иновативни намени надвор од традиционалниот индустриски сектор во кој вештачката интелигенција игра важна улога. На пример, роботизираниот систем „Bakisto“, развиен заедно со производителот на печки WIESHEU и специјалистот за малопродажба Wanzl, ќе пече свежи кроасани за посетителите. Системот обезбедува попрецизна пресметка базирана на податоци за потребните видови пекарски производи и нивната количина, што им олеснува на вработените во супермаркетите и хипермаркетите.

Во големите пералници Velum веќе се користи систем развиен во соработка со старт-ап компанијата Sewts. Опремени со роботи FANUC, 3D камера и интелигентен софтвер, машините „Velum“ ги анализираат движењата на деформабилните ткаенини и ефикасно го додавот текстилот до машините за виткање.

 

Роботите на мобилни платформи – акцент во учеството на FANUC

 

Роботите на мобилни платформи се лесен начин да го направите производството пофлексибилно. FANUC разви модул за мобилно ракување во соработка со својот австриски партнер Ger4Tech. Мобилната платформа „G4T4“ се комбинира со колаборативен робот CRX за решавање на задачи за ракување со делови од контејнери со помош на системот за машинско гледање iRVision на FANUC.

 

 

Различни решенија за заварување ќе бидат дополнителна атракција за посетителите на саемот. Партнерот на FANUC, LEWA Attendorn, на пример, планира да покаже флексибилно и оптимално решение за сложените производствени предизвици при склопување, додека ќелијата за заварување на друг партнер, Demmeler, ќе се фокусира на интуитивно програмабилен колаборативен робот CRX за автоматско заварување. „Други партнери, како што се Wandelbots и voraus robotics, ќе демонстрираат решенија како што се програмирање без код и интерфејс човек-робот што ќе се користат во иднина. И последно, но не на последно место, компанијата INperfektion ќе прикаже апликација за лепење со двокомпонентно лепило со помош на FANUC CRX-20iA/L и  систем за 3D визуелизација“, додадоа уште од ФАНУК Бугарија.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: +359 2 492 9369

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »