In Bulgarian In Romanian In Serbian
Envases Europe A/S е компанија лоцирана во Одензе, Данска која произведува лимени пакувања за прехранбената индустрија. Сакајќи да ја зголеми својата енергетска ефикасност при што го оптимизира својот систем за греење и повторно ја користи топлината што се создава од производствените процеси, компанијата се одлучува за Grundfos MIXIT, кој ги контролира колата за мешање на сосема нов интелигентен начин, обезбедувајќи оптимална работа на инсталациите. Поединости од проектот за BalkanEngineer.com раскажаа од Grundfos.
Зградите на Envases се изградени во 50-тите години од минатиот век при што системот за греење вклучува три котли за греење и еден котел за топла вода што работат на гас. Во 2020 година, компанијата одлучува да ги сопре своите котли и да му се приклучи на системот за централно греење на градот. Освен тоа, производствените линии генерираат повеќе топлина отколку што претпријатието може да користи во својот објект оо површина од 100.000 квадратни метри. Затоа Envases додава систем за рекуперација на топлина, при што секоја дополнителна, неискористена топлинска енергија генерирана од производството ќе биде вратена назад во централата на топлификација во корист на жителите на Одензе.
„Сето ова ја налага потребата од прецизна контрола на топлинската енергија. Секоја област од објектот има различни барања за проток и температура, чија контрола се врши со коло за мешање кое се состои од пумпа, вентили и сензори. Имено овде е местото каде што интервенира нашата иновативна технологија MIXIT“, објаснија од Grundfos.
MIXIT е уред кој може да управува коло за мешање на сосема нов начин без потреба од рачно управување. Тој се поврзува со автоматизираниот систем за управување на зградата преку вградените теренски шини, обезбедувајќи податоци и контрола како од пумпите MANGA3, така и од самиот модул. На овој начин, сите кола за мешање во производствените хали, магацините и канцелариските простории може да се контролираат и оптимизираат без да е потребно да има човечка интервенција на терен. MIXIT може да се конфигурира и преку апликацијата Grundfos GoRemote – што е особено корисно кога колата за мешање се наоѓаат на тешко достапни места, како што се високи тавани, скали и друго. Потребно е единствено операторот да се наоѓа во опсегот на Bluetooth конекцијата и да поседува паметен телефон или таблет.
„Високиот оџак од црвена тула беше икона за Оденсе и Envases, но крајот на таа ера е факт. Завршивме со гасните котли и ослободувањето на емисии во атмосферата и станавме многу поеколошка компанија. Можеме да се справиме уште подобро – особено со помошта на MIXIT“, коментираа од самата производствена компанија.
MIXIT модулите му дозволуваат на Envases да рециклира 23 GWh годишно, што одговара на количината на топлина што ја користат 1.300 дански домаќинства годишно. Компанијата, исто така, заштедува дополнителни 14 GWh од системот за рекуперација на топлина, што значи заштеда на околу 3.000 тони јаглеродни емисии годишно.
Грундфос Србија - Продаја
Адреса: Омладинских бригада 90 в 11070 Нови Београд, Србија
Телефон: +381 11 225 8740,
E-mail: zahtevi@sales.grundfos.com
Грундфос Србија - Производња
Адреса: Обилазни пут Север 21 22320 Инђија, Србија
Телефон: +381 22 367 300
Извор на фотографии: Grundfos