Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Високоефикасни пумпи на Wilo се интегрирани во паметна грејна визба и иновативен воден систем во Германија

11 june 2024

In Bulgarian

 

Многубројни се проектите со иновативната технолошка опрема на Wilo Group низ целиот свет, а два од нив реализирани во Германија сведочат за повеќестраната примена на пумпните технологии во знакот на глобалната компанија преку неколку љубопитни детали“, раскажаа за BalkanEngineer.com од Wilo. „Паметна грејна визба“ е меѓу новите термини во првиот проект со акцент на ефикасното генерирање и распределба на топлината во зградите. Вториот проект е поврзан со водоснабдувањето на Источна Баварија и неговите позитивни ефекти врз 15 заедници од оваа област.

 

 

Паметна грејна визба“ во Бохум, Германија

 

Во новата зграда на Европскиот образовен центар во Бохум, Германија, е сместена т.н „паметна грејна визба“. „Овој проект ја демонстрира можноста да биде дополнително развиен потенцијалот на една современа технологија во насока на уште поголема енергетска ефикасност“, изјавија од компанијата. „Паметната грејна визба“ служи како платформа за истражување на ефикасното генерирање и распределба на топлина во зградата. Резултатите од ова не само што ја подобруваат внатрешната клима на новата зграда на образовната институција, туку и прават голем чекор напред во паметното управување со згради. Wilo-Stratos MAXO и Wilo-Stratos GIGA се пумпните системи вклучени во овој проект.

„Технологија на иднината за денешните системи“ е успешното резиме на карактеристиките на пумпата Wilo-Stratos MAXO која поседува оптимизирани функции за заштеда на енергија. Таа поставува нови стандарди во секторите за водовод и канализација и греење, вентилација и канализација во однос на енергетската ефикасност. Важна поединост е поедноставеното управување и манипулации со системот во корист на неговата целокупна функционалност, при што се постигнува максимална продуктивност при највисоки нивоа на ефикасност“, коментираа уште од фирмата.

 

 

Иновативниот водовод во Моос, Баварија – еден од најмодерните во Европа

 

„По поминување низ процес на омекнување, воден тек со проток од 400 mᶟ/h снабдува 15 заедници во Моос. Преку објектот се гарантира сигурното водоснабдување во регионот на Источна Баварија со квалитетна вода за пиење. Системот во Моос вклучува 67 пумпи на Wilo од моделите Wilo-Zetos, Wilo CronoBloc BL, Wilo-Helix VE и Wilo-Multivert MVI“, објаснија од компанијата.

 

Wilo-Actun ZETOS е ефикасно решение со широк спектар на области на примена – од водоснабдувањето, преку земјоделството, до рударството. За оваа опрема е карактерна исклучително висока ефикасност. Соодветните материјали и цврстата конструкција гарантираат долг работен век и стабилни показатели, дури и при тешки работни услови (особено со висока содржина на песок, до 150 g/mᶟ).

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: +359 2 312 2058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: +389 070 20 5297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo Group, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »