In Albanian In Bulgarian
Крајот на годината е време одредено за да се направи биланс на состојбата, идентификување на трендови, одржување на конкурси и доделување на награди за сериозни достигнувања. Сè почесто, критериуми како што се одржливост и еколошко однесување, особено во однос на иновативни и високотехнолошки компании, се јавуваат суштински дел од процената на бизнисот. Кога рејтинг организација е реномирана институција, како што е една од најпознатите агенции за процена EcoVadis, а во селекцијата се вклучени над 100.000 компании, тогаш платинскиот медал секако е симбол на значителен успех. „Втора година по ред, меѓународниот лидер во производството на пумпи и пумпни решенија со повеќе од 8.400 вработени ширум светот, Wilo Group, ја добива оваа награда, која се доделува на само 1% од компаниите вклучени во кругот на оценетите“, соопштија од фирмата.
EcoVadis е една од најпознатите агенции за оцена на одржливост во светот, при што нејзината репутација се темели на продлабоченост, објективност и сигурност во одредувањето на наградените. „Го придружуваме бизнисот во неговите напори на патот кон намалување на јаглеродните емисии, спроведувањето на „зелени“ политики и реалните резултати што се постигнуваат во оваа насока“, е меѓу водечките принципи на рејтинг агенцијата.
„Одржливоста не е наша посветеност само со зборови. Таа е составен дел од нашата корпоративна стратегија. Повторното добивање на платинскиот медал во 2023 година е знак за тоа колку сериозно ја сфаќаме нашата мисија на еколошки план, дури и во време на геополитичка и геоекономска динамика. Работиме напорно за да ги постигнеме нашите цели за одржливост, а оцената на EcoVadis е сведоштво за нашиот успех“, потврдува г-дин Оливер Хермес, претседател и извршен директор на Wilo Group.
Г-дин Геор Вебер, член на Извршниот одбор и технички директор на Wilo Group додава: „Многу големи проекти и насочени инвестиции доведоа до нашите исклучително добри резултати во областа на одржливоста. На пример, во последниве години Wilo Group значително ги намали своите јаглеродни емисии со што постигна јаглеродна неутралност за сите нејзини европски производствени објекти“.
Во ретроспективен план, компанијата ги градуира своите достигнувања. Wilo Group првпат беше оценета од EcoVadis во 2019 година, при што забележа постојан напредок, оттогаш со сребрени награди во 2019 и 2020 година, златна во 2021 година и соодветно платинести награди во 2022 и 2023 година.
„Во последната деценија, Групацијата се претвори од „сокриен шампион“ во препознатливо име на светската сцена, не само во аспекти како што се имплементација на висока технологија, квалитет и иновации, туку и во нејзината бескомпромисност во однос на политиката за заштита на животната средина. “, додадоа уште од Wilo.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: +359 2 312 2058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 20 5297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извори на фотографии: Wilo Group, canva.com