Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Wilo презентира обновена верзија на потопната пумпа Wilo-Actun ZETOS, погодна за водоснабдување

09 september 2022

In Bulgarian

 

Wilo-Actun ZETOS-K12 е дел од добро воспоставената палета на потопни пумпи за дупнатини Wilo-Actun ZETOS, но сега со подобрена хидраулика и зголемен капацитет, што овозможува да се користи за особено тешки примени. Новата усовршена верзија беше презентирана за време на овогодинешното издание на престижниот меѓународен саем IFAT посветен на водоснабдувањето, канализацијата, управувањето со отпад и суровини.

 

 

Wilo-Actun ZETOS-K12 е изработена од нерѓосувачки челик и има полуаксијална хидраулика со дијаметар од 12''. Поголемиот волуметриски проток, кој достигнува до 720 m³/h, го прави новиот модел погоден за особено тешки примени во индустриското и општинското водоснабдување, како и во земјоделството и рударството“, посочија од Wilo.

 

Пумпата се карактеризира со ефикасност до 85,5%, а кога се комбинира со високоефикасни мотори со постојан магнет, севкупната ефикасност може да се зголеми максимално и на тој начин да се постигне значителна заштеда на енергија во споредба со традиционалните пумпи за дупнатини.

 

Цврстиот одлеанок од нерѓосувачки челик и цврстата конструкција гарантираат долг работен век и постојано високо ниво на ефикасност, дури и при тешки услови. Како и со целата серија, деловите на куќиштето и работните тркала на новиот Zetos-K12 се целосно изработени од нерѓосувачки челик AISI 316, отпорен на корозија. Својствата на висококвалитетниот материјал овозможуваат пумпата да се користи и за кисела, алкална или солена вода.

 

 

Главните карактеристики на Wilo-Actun ZETOS-K12 се:

- Максимален проток: 720 m³/h;

-Максимален потисок: 400 m;

- Содржина на песок во водата: до 100 g/m³.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: 00359 2 3122 058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: 00389 070 205 297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

Извор на фотографии: Wilo, freepik.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »