Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

WAGO презентира водечки решенија со индустриска примена за најголемиот технички саем во Европа

06 august 2018

In Bulgarian   In Romanian

 

WAGO Kontakttechnik, светски лидер во производството на производи во областа на електротехниката, електрониката, станбената и индустриската автоматизација, настапи со низа новини и иновации за време на овогодинешното издание на Меѓународниот технички саем во Хановер - Hannover Messe, информираа за BalkanEngineer.com од ТП ВАГО Контакттехник ДОО.

 

Првата во светот клема за печатена инсталација (PCB) со лост

 

WAGO ја прошири палетата Plugable Multi Connection System (MCS) со нова фамилија конектори со димензии до 25 mm2, која успешно ја претстави за време на своето учество во форумот. „Новиот модул MCS MAXI 16 за печатени кола со висока продуктивност располага со лостови што овозможува брзо и лесно поврзување на жиците без инструменти“, соопштија од ТП ВАГО Контакттехник ДОО.

 

Зголемена продуктивност на контролерот PFC200

 

Подобрувањата во продуктивноста се должат на повисоката фреквенција на процесорот и неговата поголема меморија, соопштија од македонската компанија. „Стандардизираниот протокол MQTT обезбедува стабилна врска со веб и облачните услуги, а обновувањето на хардверот е придружено со нова верзија на софтверот e! COCKPIT (1.4) за поголема удобност на потрошувачите“, додадоа тие.

 

 

Сè од еден извор - од теренско ниво до облакот и новата WAGO контрола на податоците за Cloud

 

WAGO го прошири своето дигитално портфолиото со нова можност за управување со податоци во облакот, во прилог на контролерите за IoT, PFC100 и PFC200. „Децентрализираното стекнување на податоци и обезбедувањето на централизирани податоци од теренското ниво до облакот, како и вкрстениот пристап до тековни податоци го прават решението непроценлива алатка“, изјавија од компанијата.

 

 

Сигурни реле модули за индустриски и железнички примени

 

Поради тешките услови на животната средина во индустриските и железничките примени, се бараат одржливи релеи. „Токму за такви случаи  е разработен широк спектар на нови релеи за  напојување од серија 2042 на WAGO“  изјавија од компанијата.

 

ТР ВАГО Контакттехник ДОО

Адреса: Бугарија, Софија 1330, бул. „Акад. Иван Гешов“ 2Е Бизнис центар Сердика, зграда 1, кат 4, канцеларија 417

Телефон: +359 2 489 46 09; +359 2 489 46 10

E-mail: info-bg@wago.com

 

Компјунет инженеринг

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Владимир Комаров 1A-3/9

Телефон: +389 2 52 11 200; +389 2 24 61 108; +389 75 446 395; +389 78 238 496; +389 76 468 017; +389 78 279 657

E-mail: prodazba@compunet.com.mk

 

Повеќе информации за ТП ВАГО Контакттехник ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

 

Извор на фото материјал: ТП ВАГО Контакттехник ДОО, WAGO

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »