Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Smart Solar: Кои се главните критериуми за избор на соларни батерии за складирање на енергија во домаќинството?

01 july 2024

In Bulgarian  In Albanian In Serbian

 

Домашниот резервен систем за напојување обезбедува електрична енергија за домаќинството за време на прекини на струјата или кога мрежата е недостапна. Обично се состои од батерија или генератор што складира енергија што ја трошат електричните апарати. „Домашните резервни батерии се проектирани да ја складираат електричната енергија или од мрежата или од инсталираните соларни панели. Овие системи обезбедуваат непрекинато напојување за време на прекините, одржувајќи ја работата на електронските уреди и апарати, објаснија од Smart Solar, докажана инженеринг компанија во областа на соларната енергетика.

 

 

„Важно е да се обележи дека складирањето на електрична енергија е одговорна задача за која не се соодветни системите „направи сам“. Сите батерии за складирање на електрична енергија што ги нуди Shop Smart Solar ги поседуваат потребните сертификати и гаранција на производот од 10 години/6000 циклуси“, додадоа специјалистите.

 

Батериското и мрежното напојување имаат различни предности и недостатоци. Напојувањето од батеријата овозможува складирање на енергија која да се користи за време на прекини на струјата или како дополнителен извор кога тарифите на електричната енергија од мрежата се високи, за да се заштедат трошоци за енергија. Електричната мрежа обезбедува континуирано снабдување со електрична енергија се додека инфраструктурата работи, но во овој случај домаќинствата се зависни од централен извор на енергија и на тој начин страдаат од прекини на напојувањето со електрична енергија.

 

Системот за резервно напојување на домашни батерија е ефикасно и сигурно решение за заштита на домаќинството од прекини на напојувањето и флуктуации. Постоењето на резервно напојување дома нуди неколку предности. Обезбедува непрекинато напојување со електрична енергија за време на вонредни ситуации, заштитувајќи ја вредната електроника, апарати и податоци. Системите за резервно напојување на домашни батерии, исто така, можат да ја намалат зависноста од мрежата, потенцијално заштедувајќи трошоци за енергија. Друга значајна предност од поседувањето на резервен систем за домашна батерија е подобрената енергетска безбедност за време на најголемата побарувачка.

 

 

Домашни резервни батерии и критериуми за нивен избор

 

Најчесто среќаваните типови на соларни батерии се: оловно-киселински, литиум-јонски, никел-кадмиумски и LiFePO4. „При изборот на резервна батерија за домот, треба да се земат предвид неколку фактори за да се гарантира дека системот е соодветен за одредена примена. Главните критериуми се: капацитет на батеријата, век на траење на батерискиот систем и неговата гаранција“, изјавија од тимот на инженеринг компанијата.

 

 - Капацитет на батеријата;

 

 - Работен век на акумулаторскиот систем;

 

 - Гаранција на батеријата.

 

Адреса: Софија 1407, населба „Хладилника“, улица Никола Ј. Вапцаров бр. 35

Телефон: +359 2 962 7151
Е-пошта: skopje@smartsolar.bg 

 

 

Извор на фотографии: Smart Solar, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »